X
 08.12.2017 Технологија

„Инстаграм“ ги воведува најголемите промени во последниве години!


Инстаграм апликација
(Фото: Pixabay)


Станува збор за две нови опции: Stories Highlights и Stories Archive, кои ќе ви помогнат вашите стории и видеоснимки да останат сочувани, наместо како досега, автоматски да се избришат по 12 часа.

Сториите и видеоснимките сочувани во архива ќе бидат видливи само за вас, сè додека самите не одлучите да ги споделите, а Stories Highligts ќе биде место каде што ќе можете да ги групирате сториите кои ќе сакате да ги споделувате со вашите пријатели.

„Во текот на минатата година Instagram Stories станаа клучен начин на изразување, но не можевте да ги задржите повеќе од 12 часа. Сега ќе можете да ги групирате сториите кои ви се важни и да ги задржите на вашите профили“, соопшти компанијата.

Сториите автоматски би требало да се складираат во архивата, од каде што ќе можете по желба да ги прегледувате, да ги додавате на други стории, да ги споделувате како постови или да ги маркирате во Highlights.

Опцијата за автоматско складирање можно е да се исклучи.

Новите опции ќе им бидат достапни на корисниците на мобилни телефони со iOS и Android оперативни системи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија