X
 08.12.2017 Живот

Како е да се работи во „Фејсбук“?

Во компанијата „Фејсбук“ нема рутина, според кажувањата на неговите вработени. Се работи во просек како и на секое друго работно место, во однос на работните часови, а како и другите компании, и оваа ги избира вработените според нивото на искуство и вештини.


Сепак, не е доволно само да се сака вработување во „Фејсбук“, потребно е да се има соодветно образование, специјализирани вештини и да се посветите на избраното поле.

Вработените велат дека компанијата е отворена средина каде што постојано има динамика, а вработените лесно и заеднички ги решаваат проблемите. Постојано учат едни од други и се консултираат. Исто така, компанијата нуди бесплатни оброци, здравствени проверки, стоматолошка грижа и низа други сервиси за вработените. Има и сала за вежбање, како и физиотерапевт кој постојано им е на располагање. Сепак, вработените потенцираат дека она што е најважно е што компанијата им ја дава можноста на вработените да се фокусираат на она што го сакаат. Што значи дека компанијата освен што е технолошка фирма, таа е и социјална компанија.

Во „Фејсбук“ сè е транспарентно, велат вработените, иако пред да стапат во работен однос не верувале на таквите информации. Истакнуваат дека сите во компанијата се културни и градат квалитетни односи, иако постојано се соочуваат со комплексни технички проблеми. Сепак, се работи за огромна компанија, во светски рамки, која има масивен број на корисници, а и влијанието што го има врз светот е многу значајно.

Вработените ја карактеризираат својата работа како професија од соништата, нешто во кое постојано се надградуваат и им причинува вистинско задоволство.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот