X
 08.12.2017 Образование

Најдоброто јавно училиште во Америка

„Бејсис Скотсдејл“ се смета за најдоброто јавно средно училиште во Америка. Се наоѓа во Аризона, а е отворено пред околу 20 години, кога двајца економисти се бореле да пронајдат училиште кое ќе овозможи ригорозна едукација за нивната ќерка. Отвориле училиште во Тусон, а потоа второто училиште е отворено во Скотсдејл во 2003 година.

фото извор:Melia Robinson/Business Insider

Се работи за јавно училиште кое го водат приватници. Такви училишта во САД има околу 7.000 и повеќето од нив имаат мисија, на пример, да запишуваат талентирани деца или деца со висок ризик. Целта е да произведат одлични ученици кои ќе завршат со највисоки оценки и ќе се запишат на најпрестижните колеџи и универзитети.

Сега училиштето нуди и градинка за малите деца. За да се запише некој во училиштето, потребно е да има комплетирано осмо одделение во основното училиште „Бејсис“. Правилата за тестови и оценки се исти како и во традиционално јавно училиште.

Наставниците се обидуваат да ги научат децата да соработуваат и да учат едни од други. Кога почнуваат во четврто одделение, тие добиваат по 30 математички проблеми за домашна задача секоја вечер. На секој ученик му се доделува планер, каде што води евиденција за своите резултати, оценки и задачи. Наставниците велат дека сакаат нивните ученици да имаат контрола над своето учење.

u
фото извор:Melia Robinson/Business Insider

Проблем е што посиромашните семејства не можат да ги испратат своите деца во ова училиште бидејќи не е обезбеден автобуски превоз до кампусите. Неодамна почна програма за бесплатен ручек. На листата на чекање за запишување понекогаш има дури и 1.000 имиња. За домашна работа вообичаено имаат задачи за чие извршување ќе им требаат од 1 до 4 часа. Во тој поглед училиштето и понатаму е ригорозно.

Освен природните науки, многу внимание се посветува и на уметноста, музиката. Учениците ги сакаат часовите по уметност, а самото училиште има и сопствен оркестар. Училиштето нуди вкупно 42 клуба, меѓу кои клуб на ораторство, дебата, училишен весник, спортски клубови.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование