Фото: Wikimedia Commons
Првпат во 14 години американските универзитети не се најдоа на врвот на ранг-листата со најдобри универзитети во светот, според „Times Higher Education World University Rankings“ што ја објави ранг-листата за 2018 година.
„Оксфорд“ и „Кембриџ“ од Велика Британија се најдоа на прво и на второ место, соодветно.
„Times Higher Ed“ направи ранг-листа на најдобрите 1.000
универзитети во светот земајќи ги предвид факторите како предавање, истражување и влијание за да ги смести на соодветно место. Исто така, ги зеде предвид квантитативните фактори, како на пример колку пати трудовите од универзитетот се цитирани од научниците, а ги зеде предвид и квалитативните фактори, како истражувањата.
Ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000.
Во продолжение проследете ги најдобрите 10 универзитети.