X
 08.12.2017 Образование

Весела Богдановиќ: Супер-учители, заборавете на столчиња и клупи, здодевни тетратки, учебници и табли!

Септолете тотал ви ја претставува Весела Богдановиќ - најактивен гласноговорник, мотиватор и иницијатор за позитивни промени во образовниот систем на глобално ниво 

Таа е сама по себе инспирација за останантите, а моќта на свеото здраво грло ја користи за да “поместува планини“ со благост и љубезност, кон децата, родителите и колегите. Весела Богдановиќ е одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ во село Ивањевци, Могила, и е една од педесетте најдобри наставници во светот според Global Teaching Prize. Taa e светски амбасадор за образование, почесен делагат на најпретижните светски настани повразани со обраzovanie, автор на интерактивни едукативни содржини, педагог, активист и филантроп. Нејзиниот животен предизвик го остварува преку активистички напори за позитивни промени во образовниот систем и методологијата на подучување. Знаењето несебично го споделува со сите ентузијасти кои сакаат да и се придружат на патот во промовирање на современи и креативни практики во пренесување на наставните содржини



Како изгледа еден час со Весела Богдановиќ?
Заборавете на столчиња и клупи, здодевните тетратки, учебници и табли, а со примена на се останато, веќе ќе бидете супер учител- омилен на дечињата! Така некако би звучела мојата формула за добар час. Искрено, тешко е да се опише како изгледа еден мој час и класичен час можеби и не сум одржала во овие 15 години. Активностите во нашата училница ниту почнуваат ниту завршуваат со звукот на ѕвончето. Одмор правиме секогаш кога на дечињата им е потребен, а тоа лесно се приметува. Некогаш им треба одмор затоа што се уморни, а некогаш затоа што вниманието им е свртено кон нешто друго, за што сакаат да си зборуваме, а им се случило или очекуваат да им се случи. Учење со сила не бидува. Нашите работни денови имаат интересни теми кои мудро ги спојуваат целите од наставните предмети предвидени за тој ден. Често се случува денот да го започнеме со утринска средба во читачкото катче, а таму преку случаен избор на страница читаме интересни податоци од книгата 1000 зошто 1000 затоа. Во текот на денот правиме истражувања на интересни теми, заеднички планираме следни активности или едноставно разменуваме идеи. Со учениците разговарам како да се мои колеги од кои барам совети и ги прашувам за мислење. Им раскажувам грешки кои сум ги правела кога сум била ученик, им раскажувам смешки, мои анегдоти, па дури и за мои потешкотии околу некои теми кои ги обработуваме и ние сега. Затоа за моите ученици јас сум една од нив. Не сум учителката која стои на катедра, само таа знае се и сега треба да ја слушаат за да учат. Се обидувам да претставувам личност што сака да помага на други, но знае да бара и помош. Во нашата училница нема погрешни одговори, секој одговор можеби погрешен во тој миг е само обид кон размислување, а секој обид за размилсување е драгоцен и заслужува пофалба. Уште од првото одделение ние правиме супер договор и зборот “не знам“ го бришеме од нашиот речник и наместо него ставам “ќе се обидам“ затоа што никој не знае што и колку може додека не се обиде. Задачите ги нарекувме “предизвик“, а го фалиме оној кој секогаш помага на другите иако завршил прв или прв знае се.



На тој начин во учиницата не постојат ученици, училницата е полна со “учители“ кои најпрвин веруваат во себе и знаат дека секој е вреден да даде свој придонес и помош за она што во тој миг му лежи, имаат право и мотив да учат едни со други и едни од други , за разлика од училница во која сите дечиња чекаат помош од еден наставник и без негова потврда ретко веруваат во себе и своите можности. Самодовербата, емпатијата и тимскиот дух се клуч на успехот.

Кои се Вашите омилени креативни методи на подучување? Преку кои методолошки практики децата даваат максимум од својата креативност и фантазија?
Методот на игра, учење преку приказни, методот на дидактичка стимулација и драмски игри, истражување и тајни...Не знам што би издвоила најпрвин затоа што знам и сигурна сум дека секое дете сака промени и не постои универзална метода која секој ден ќе биде интересна во подолг период. Дечињата сакаат промени и тоа е веројатно рецептот кој може успешно да им го привлече и задржи вниманието. Кога вежбавме почетно читање често ги предизвикував да читаат за да откриваат тајни, на пример, тајната на градот Вароша, град на духовите, напуштен со децении ,или тајната за изработка на охридскиот бисер или настанокот на Охридското Езеро...Не постои дете кое не ги сака тајните, а така читањето се доживува како алатка за да се стигне до целта-задоволување на љубопитноста, наместо да биде активност која се вежба за учителката да каже дека детето знае да чита.

И со математиката е слично, а секоако и со другите наставни предмети. Важно е детето да разбере дека тука стекнува вештини кои ќе му користат во животот наместо да мисли дека тука треба да стекнува знаења кои треба да ги покаже на тест за да добие добра оценка, а потоа да ги заборави затоа што и онака не сфатил зошто биле важни да ги знае и памети понатаму.



Што сметате за најголем успех во Вашата кариера? Раскажете ни некоја ситуација преку која професионално сте напреднале.
Улогата на светски амбасадор за образование ме исправи пред нови предизвици во кариерата. Студиските посети во најсоверемените училишта и честа да се биде почесен делагат на најпретижните светски настани повразани со образование и слично, ми дале храброст да продолжам да напредувам.
Од сé срце избрав да го работам ова и работам најдобро што можам. Вчера на пример гледав некои од моите 200 едукативни филмови снимени во мојата училница. Ниту еден од нив не сум го снимила со цел за некоја победа, сум ги снимала и едитирала со ноќи со желба да си зачувам спомени од мојата работа и сега ми се навистина најубав спомен, дури и кога во нив си наоѓаам маани и знам каде сум можела да смислам и нешто подобро како активност. Од пред две години сум автор на меѓународен фестивал на едукативни филмови акредитиран од страна на МОН на Србија и Министерството за култура на Србија и секако дека тоа е успех кој ме радува но најмногу ме радува што преку него имам прилика да доделувам просветни оскари на моите колеги кои ја сакаат својата работа исто како мене и подеднакво заслужуваат.



Минатата година, во соработка со две колшеки од Ковачица, со поддршка од страна на Министерствата за култура на Чешка и Словачка станав и национален организиатор на проектот “Ноќ со Андерсен“. Во текот на 6 месеци, преку 30 училишта од нашата земја живееја во светот на бајките. Математика, јазик и наука преку бајки, а завршната ноќ ја одбележавме се до утринските часови заедно со учениците во своите работни простории. Ноќ која никој од нас нема да ја зборави. Се радувам токму во тие мигови, кога гледам дека енергијата и љубовта за оваа професија допираат до моите колеги, до родителите и дечињата, па заедно правиме бајки и во реалноста. Тоа носи успех во промоцијата на креативното и современото образование. Квалитет во образованието се постигнува кога вработените работаат со љубов, а не кога прашуваа дали некој ќе им даде сефтификат за бодови.

Како се справувате со неред во училницата?
Во нашата училница дозволен е таканаречен “позитивен хаос“. Иако за жал, имам само 8 ученици најчесто позајмувам и учениците на блиска возраст од моите колеги во училиштето затоа што сакам “неред“’ и многу дечиња во нашата училница. Не знам дали воопшто може да постои неред. Тоа е или момент кога децата се среќни и имаат потреба да се истрчаат и скокаат, што е сосема нормална потреба, или е “неред“ затоа што наместо да молчат секој сам пикнат во својата тетратка - тие имаат насока дека треба да соработуваат и да се договраат, слободно да се движат, да лежат, стојат или да седат, се што им одговара за успешност до целта. За хигиената и предметите се грижат самите заедно со мене, а врата е отклучена за сите дечиња од целото училиште па грижата е заедничка.

Кои свои карактерни особини ги сметате за предност во професијата како просветен работник?
Весела е моето име но тоа одговара и на мојот карактер што искрено верувам дека навистина ми помага во оваа професија. Не сум човек кој чека да се случат среќни мигови за да биде среќен, јас си имам зацртано дека мојата задача е секогаш да се обидувам да наоѓам што е убаво во секој еден миг и токму на тоа да се радувам. Кутијата од бомбони ја гледам како можност за пренамена во волшебна кутија на тајните со чија помош ќе ги поттикнам дечињата да читаат на некоја тема или да пишуваат најубави бајки. Не очајувам затоа што никој не ми обезбедува нагледни средства за работа, затоа што однапред знам дека така само би губела време и енергија и мене лично би ми било здодевно на часовите, а и на децата. Искрена сум но истовремено и многу внимателна со зборовите кон другите. Ретко ми се случува да успеам да премолчам кога нешто не е добро, но кога и да треба да советувам со мислење кое е спротивно на нечие однесување тоа успевам да го направам најпријателски што може. Оговарање не поднесувам и не оправдувам, секогаш застанувам “во чевлите“, сметајќи дека немам право да го оговарам или иссмејувам. Емотивна сум и очекувам светот да ми возврати и да биде внимателен, насмеан, срдечен како што сум јас па често знам да си поплачам за сметка на тоа. За среќа, ги имам моите ученици, а со нив околу мене не постои начин ништо лошо да ме допре.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование