X
 10.12.2017 Живот

Постои ли опасност проектилите на Северна Кореја да погодат авиони со патници?

Интернационалните загрижувања за тестирањата на проектилите на Северна Кореја се се поголеми. Минатата среда, Пјонгјанг лансираше интерконтинентална ракета, која достигна далечина од околу 4500 километри, пред да се сруши во Јапонското море. Сега се стравува дека ваквите тестирања можат да бидат кобни за авионскиот сообраќај, бидејќи неколку пилоти изјавиле дека го забележале проектилот од нивниот кокпит.


Сите забележале светол пламен кој паѓа во морето. Заради ваквите загрижувања, авио компанија во Сингапур веќе ги има променето рутите на авионите за до крајот на годинава. Се предупредуваат авио компаниите ширум светот кои имаат авионски линии во регионот на Северна Кореја да размислат околу менувањето на движењата на авионите, за да не дојде до погодување од проектил.

Од Интернационалната асоцијација за воздушен транспорт, која ги претставува авио компаниите ширум светот, истакнуваат дека задача е на владите да ја осигураат безбедноста на авионскиот сообраќај и да предупредат на ризиците.

Сепак, експертите посочуваат дека шансите за погодување на авионите од проектилите кои ги тестира Северна Кореја се многу мали.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот