X
 11.12.2017 Забава

Најтешката логичка загатка на светот

Математичарот Ричард Смалијан бил наречен „неоспорниот господар на логички загатки“. Па, тој е и креаторот на најтешката логичка загатка што некогаш била создадена. Била објавена во 1996 година заедно со решението. Ова е загатката:

фото извор: curiosity.com

Три бога, А, Б, В, се наречени во некаков ред, Вистина, Лага и Случајност. Вистината секогаш ги кажува фактите, Лагата секогаш зборува лажно, но дали Случајноста зборува вистинито или лажно е целосна случајност. Потребно е да се утврдат идентитетите на А, Б и В, преку поставување 3 прашања на кои треба да се одговори со „да“ или „не“, а секое прашање треба да биде поставено од еден бог. Боговите разбираат англиски, но ќе ги одговорат прашањата на свој јазик. Во нивниот непознат јазик зборовите за „да“ и „не“ се „да“ и „ја“ во некаков редослед. Не е познато кој збор е „да, а кој „не“.

Одговор:

1. За бог А: Дали „да“ значи „да“ ако единствено вие сте Вистина и само ако Б е Случајност? (Се претпоставува дека А вели „ја“, а со тоа Б е Вистина или лага).

2. За бог Б: Дали „да“ значи „да“ ако и само ако Плутон е планета-џуџе? (Се претпоставува дека Б вели „да“, а со тоа Б е Вистина).

3. За бог В (Вистина) пак: Дали „да“ значи „да“, ако и само ако А е Случајност? Бидејќи Б е Вистина, мора да каже „да“, што значи А е Случајност, па со тоа В е Лага.

Се збунивте? Во 2008 година бил објавен извештај во кој било презентирано наједноставното решение. Можете да го погледнете на овој линк.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава