X
 11.12.2017 Наука

Верувале или не: постои лек за ќелавост!


Човек без коса
(Фото: Pixabay)



Ќелавоста и опаѓањето на косата како знаци на стареење би можеле да станат минато, пишува „ИБТајмс“ пренесувајќи го откритието на јужнокорејски научници. Научниците предводени од Чои Канг-Јеол од Универзитетот „Јонсеи“ во Сеул создале биохемиски агенс кој не само што го превенира губењето на коса туку и промовира раст на нова коса. Ова средство има лабораториско име ПТД- ДМБ.

Чои и неговиот тим откриле дека губењето на косата повеќе се случува поради интеракција помеѓу два протеини што ги има на скалпот. Еден од нив, ЦХХ5, се спојува со другиот и ја спречува регенерацијата на фоликулите. Средството ПТД-ДМБ го превенира спојувањето на овие два протеини и така го поттикнува растот на косата.

Средството било аплицирано на гола кожа од глувци во времетраење од 28 дена, а научниците тврдат дека дошло до појава на нови фоликули од влакна. Кога дополнително на тоа додале и валпроична киселина (се користи за лекување епилепсија, биполарно нарушување и мигрени), растењето на влакното кај глувците се забрзува. Написот се појавил во ноемвриското издание на списанието „Journal of Investigative Dermatology“.

Според јужнокорејските медиуми, средството се тестира на животни за да се установи дали постои некаква токсичност врз луѓето. „Го откривме протеинот кој го контролира растењето на косата и развивме нова супстанција што ја промовира регенерецијата на косата преку контролата на функциите на протеините. Очекуваме новоразвиената супстанција да придонесе во развивањето лекови кои не само што ќе го спречат губењето на косата туку и ќе го регенерираат оштетеното ткиво на кожата“, истакна Чои. Истражувањето е финансирано од јужнокорејското министерство за наука и технологија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука