X
 13.12.2017 Технологија

Следната година ќе пристигнат три нови ајфони?!


Ајфон
(Фото: Youtube / Screenshot)


Според предвидувањата на аналитичарите, компанијата „Епл“ следната година ќе претстави три нови ајфони.

Наводно, „Епл“ следната година ќе претстави два нови ајфони со ОЛЕД-екрани и еден со ЛЦД-екран.

iPhone X, кој се најде во продажба овој месец, е првиот ајфон што користи ОЛЕД-технологија. Оваа технологија овозможува побогати бои и помала потрошувачка на енергија.

Едниот од новите паметни телефони би требало да поседува 5,8-инчен ОЛЕД-екран, но другиот се очекува да има поголем, 6,5-инчен екран. „Епл“ моментално ги продава Plus моделите на ајфон 8, со слични компоненти во однос на стандардните, но со поголеми екрани.

Апаратите што се очекува да излезат следната година исто така ќе бидат слични со актуелниот iPhone X. Системот камери – True Depth на „Епл“, кој се користи за препознавање лица, ќе биде сличен со годинашниов дизајн, но „Епл“ би можел да понуди и модел со 512 ГБ интерна меморија.

Аналитичарите веруваат дека задната камера на идните ајфони нема да има 3Д-способности.

Третиот смартфон ќе има ист edge-to-edge дизајн како и iPhone X, но ќе добие поевтин ЛЦД-екран. Поевтиниот ајфон ќе го користи системот за препознавање лица, па своето место ќе го најде во „средниот сегмент“, што значи дека ќе чини меѓу 650 и 900 долари. Токму овој модел ќе има една задна камера, но ќе му недостига и Force Touch –технологијата на „Епл“.

Аналитичарите ги темелат своите тврдења врз информациите што ги добиле од извор кој е дел од синџирот на набавувачи на „Епл“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија