Светската банка со важно објавување на Самитот „Една планета“, повикан од Францускиот претседател Емануел Макрон. Банката, која обезбедува позајмици на земјите во развој за поттик на економскиот раст, најави дека повеќе нема да нуди финансиска поддршка за експлоатација на нафта и гас, по 2019 година.
фото извор: Shutterstock
За време на самитот, банката објави став во кој се вели дека овој потег е заради потребата од промена, во светот кој брзо се менува. Во 2015 година, банката објави дека претходно имала 28 проценти од своето портфолио посветено на климатски акции до 2020 година. Последната изјава за финансирање на фосилни горива, сугерира дека се на пат да ја исполнат таа цел.
Ова е сигурно значајна победа за адвокатите за животна средина, а економијата во енергетскиот сектор станува попривлечна за ентитетите да се префрлат на обновлива енергија. Ширум светот, станува поевтино да се креираат нови инсталации со обновлива енергија, отколку да функционираат и да се одржуваат постоечките електрани на јаглен.
Светската банка сепак, истакнува дека во посиромашните земји каде што има јасна придобивка во однос на пристапот кон енергија и каде што проектите би одговарале на договорот во Париз, ќе продолжи со финансирање. Парискиот договор се смета за голем и важен фактор во донесувањето на нивната одлука.