X
 17.12.2017 Наука

Студентот што успеа да ги декодира информациите скриени во кипуата на Инките

Во првата година од неговите студии на Харвард, студентот по археологија, Мени Модерано открил нешто неверојатно.

1

„Ја обожавам идејата да копам и да се обидувам да пронајдам тајни скриени од минатото“, вели Модерано.

Со помош на неговиот професор, Гери Уртон, Мерано детално го открил значењето на врзаните нишки што се употребувале за документирање, за време на Империјата на Инките. Наодите на Мерано и неговиот професор може да придонесат за подобро разбирање на секојдневниот живот во андската цивилизација.

„Единствените извори што ги имаме сега се хрониките на Инките напишани од Шпанците. Знаеме дека во многу случаи овие истории се искривени од верувањата и мотивациите што ги имале Шпанците, така што немаме некоја домородна иновска историја“, вели Уртон.

Единствената евиденција за која се знае дека Инките ја чувале, биле во форма на сложен кипу текстил. Во 2002 година Уртон го започнал проектот за база на податоци на кипу. Тој патувал низ музеи и посетувал места што имале приватни збирки ширум светот, со цел да открие голем број нишки и детали поврзани со нив - пронашол повеќе од 900.

2

Тој вели дека заедно со други истражувачи на ова поле отсекогаш имале генерално чувство за тоа што претставуваат кипу нишките. Многумина од нив сметале дека се регистри на производи или календарски системи. Но до неодамна, ниту еден од кипуто што проучувани од Уртон не можеле да се разберат. Ако кипуто содржело порака или културна информација, значењата биле нејасни за современите научници.

Пресвртна точка било кога Уртон започнал да гледа сет од шест кипуа од областа на долината Санта Река во северозападниот дел на Перу. Еден ден, во една книга, Уртон забележал шпански документ за попис за истиот регион и временски период.

„Голем дел од броевите запишани во тој пописен рекорд соодвествуваа со тие шест кипуа“, вели Уртон. Токму ова откритие Уртон го споделил со студентите на крајот од 2016 година. За Медрано, оваа информација не била нешто што требало да остане игнорирана.

3

„Отидов до него и му реков дека би сакал да му помогнам доколку му треба помош“, вели Медрано. Уртон се согласил, мислејќи дека нема да открие ништо значајно, со оглед на тоа што никој дотогаш не успеал да дојде до некое големо откритие.

Така, Медрано забележал дека начинот на кој јазлите се врзани во кипуто одговара на социјалниот статус на 132 лица запишани во документот за попис. Бојата на нишките се чини дека била поврзана со првите имиња на луѓето. Поврзаноста била премногу силна за да биде случајна.

Кога Медрано му кажал на неговиот професор, Уртон бил воодушевен. Во текот на наредните месеци тие заедно работеле, а нивните наоди ги преточиле во труд. Медрано е првиот автор на трудото, што укажува на тоа дека придонел за најголем дел од истражувањето, нешто што Уртон вели дека е исклучително ретко за студент на додипломски студии.

4

Највозбудливо за Уртон е тоа што Медрано е студент кој има вистински потенцијал да ја разбере историјата на Инките од локална гледна точка. Како што вели Медран, историјата е пишувана од гледна точка на освојувачите, така што целта на проектот е промена на таа хиерархија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука