X
 19.12.2017 Технологија

Специјален костим што ја претвора топлината на телото во енергија за вадење биткоини

Кога се работи за загриженоста во врска со роботите и вештачката интелигенција, постојат низа различни мислења. Еден европски старт-ап на уникатен начин ги поместува границите во врска со овие прашања.       

фото извор: LoHo

Организацијата позната како „Институт за човечка застареност“ зазеде проактивен пристап кој вклучува вадење човечки капитал, односно биткоини за идна употреба. Во изминатите две години институтот се занимава и со неколку истражувања и проекти кои се фокусираат на важните врски помеѓу капиталниот и биолошки труд, како и продукцијата на податоци.

Успеал да реализира неколку успешни и уникатни проекти, како, на пр., преку костим кој ја собира вишокот топлина од човековото тело да се создаде енергија за вадење криптовалута. Сето тоа се одвива преку термоелектрични генератори, а потоа костимот ја трансформира топлината во електрична енергија. Во проектот биле вклучени 37 работници. Собраната топлина била претворена во 127.210 миливати електрична енергија, која се користела за вадење на околу 17.000 монети од криптовалутата.

На одредено место на костимот се собираат движењата на прстите на учесниците, преку сензор за движење. Собраните податоци волонтерски се споделуваат и со компании како „Фејсбук“ и „Гугл“. Целта на целиот проект е да се користат креативни начини за разбирање на мислењето  на луѓето во врска со влијанието на вештачката интелигенција и роботите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија