X
 19.12.2017 Забава

Ви ја пренесуваме празничната понуда на „Фејсбук“


Фејсбук
(Фото: Pixabay)


Најголемата социјална мрежа почна да воведува низа пригодни новитети за да ги орасположи корисниците во текот на празниците што следуваат, па со таа цел подготви низа нови практични опции.

Веројатно највеселите меѓу нив се празничните дигитални честитки, кои можете да им ги испраќате на роднините и на пријателите. Можете да ги украсите и со посебни фотографии и пораки, како и со новогодишни ѕвезди.

Новите опции главно на различни начини ја користат апликацијата Facebook Camera, а „Фејсбук“ ќе додаде и посебни налепници и ефекти во живо за обележување на Божиќ, Ханука и Кванза.

Во видеочетот во рамките на апликацијата Messenger од 22 декември ќе можете да додадете филтри со Дедо Мраз и Рудолф, како и разнобојни божиќни рамки.

Од 28 декември ќе имате можност да видите и колажи од божиќни фотографии на своите пријатели благодарение на новото издание на Memories, кое ќе се погрижи да ви ги врати спомените на случувањата во претходниот месец.

За оние што ја преферираат новогодишната прослава, „Фејсбук“ ќе додаде специјални ефекти за преноси во живо, како дигитални очила и „откачени“ капчиња.

Последниот новогодишен украс од новиот арсенал на „Фејсбук“ можете да го очекувате на 4 и 5 јануари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава