X
 21.12.2017 Живот

Медицински техничар од Осиек ја открива разликата меѓу работата во Англија и во Хрватска

Векослав Шимиќ, млад медицински техничар, е дел од статистиката на Хрвати што заминале да работат во странство. Тој има 21 година, а поради подобри услови за работа и повисока плата, заминал во Ирска уште пред 2 години, но по 3 месеци се вратил во родниот Осиек за натпреварот за работа во Клиничкиот болнички центар.


Вели дека се запишал на медицина бидејќи навистина сака да им помага на луѓето, но сфатил дека во Хрватска не била целта да се помага, туку што побрзо да се заврши некоја обврска без разлика на квалитетот или стручноста. Тој истакнува дека во Хрватска медицинските техничари извршуваат повеќе работи, меѓу кои и чистење на амбулантите, делење терапија, миење на пациентите, вадење крв, пополнување документација.

И покрај натпросечната плата за хрватски услови и стекнатото знаење и искуство, тој одлучил, поради обилната работа и големиот стрес, да даде отказ и да замине во странство. Нашол работа во Брајтон, град на југот на Велика Британија. Му преостанува уште да положи испит за познавање на англискиот јазик.
Како што вели тој, работата во Англија ќе му биде само отскочна штица за иднината, бидејќи по 1 година работен стаж ќе стекне сина карта – виза која како и на жителите на Велика Британија им овозможува заминување на работа во земјите-членки на Комонвелтот.

Векослав планира да работи во Австралија или Нов Зеланд, бидејќи смета дека тоа се земји кои ветуваат многу во однос на грижата за пациентите, работничките права, но и целокупниот животен стандард. Додал дека почетната бруто-плата ќе му изнесува 2 и пол илјади фунти, па со секоја дополнителна едукација ќе се зголемува.

Векослав истакнал дека во Англија секој вработен знае за што е задолжен и кои му се ограничувањата, а сè е строго регулирано со работнички права. Медицинските техничари работат по 38 часа неделно, а прекувремената работа се оданочува како редовна.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот