X
 21.12.2017 Економија

Митови поврзани со биткоинот

1
Фото: Bloomberg

Овој месец биткоинот, дигиталната валута лансирана од Сатоши Накамото во 2009 година, достигна рекордна цена од 17.428,42 долари. Веројатно поради неговиот комплициран технички дизајн, постојат многу митови поврзани со биткоинот. Ова се пет.

Мит број 1

Постои конечна понуда на биткоини


Биткоин е опишан како „дигитално злато“ бидејќи, наводно, е невозможно да се создадат повеќе од 21 милион единици планирани за циркулација. Неодамна се појави извештај кој вели дека биткоинот има математички одредена вкупна понуда.

Сепак, не постои гаранција дека понудата на биткоин нема да се промени. Оригиналниот дизајн бара 21 милион единици полека да се создаваат во текот на наредните 100 години. Но протоколот може да се промени со заеднички консензус, како што веќе се случило неколку пати. Досега, биткоинската заедница жестоко ја бранеше планираната конечна понуда и е познато дека не се менува. Но политиката помеѓу корисниците, а не математиката засега ги одржува нештата.

Мит број 2

Корисниците на биткоини се анонимни


Основачот на биткоин, Накамото, тврдеше дека валутата нуди приватност бидејќи трансакциите не се наведени под вистински идентитет. Блокчејнот на биткоин, јавниот поставен запис за трансакции, користи криптографски псевдоними. Корисниците можат да создадат колку што сакаат псевдоними, а повеќето софтверски биткоини генерираат уникатен псевдоним за секоја трансакција. „Викиликс“ ги поттикнува донаторите да користат биткоин бидејќи е „анонимен“ и „не може лесно да се следи“.

Но огромното мнозинство корисници на биткоин не добиваат значително поголема приватност отколку што би имале со традиционалните банкарски трансфери.

Мит број 3

Законот не може да го стигне биткоинот

Во раните денови биткоин беше валута што ја избираше повеќемилионскиот подземен пазар на дрога наречен „Силк Роуд“, поттикнувајќи ги критичарите да тврдат дека биткоин е рај за оние што сакаат да го избегнат законот.

Но ова не е вистина. Новата технологија секогаш бара ажурирани толкувања на постојните статути и судска практика. Промените веќе се регулирани преку одредени закони во некои држави, како Њујорк, и според правилата за услуги за пренос на пари на друго место.

Мит број 4

Биткоинот залудно троши енергија


Копањето биткоини е енергетски интензивен процес. Секој може да стане „рудар“, но треба да има специјални хардверски чипови што постојано работат за да ги решат криптографските загатки што ги создаваат новите блокови. Поради својата децентрализирана природа, никој не ја знае точната количина на електрична енергија што се троши при овој процес. Се претпоставува дека изнесува неколку гигавати.

Но доколку се спореди со други валути, ќе забележите дека банките плаќаат чувари (меѓу другите трошоци за безбедност), кои често само стојат и ги гледаат клиентите. Истото важи и за суровата енергија што ја користат биткоин-рударите.

Мит број 5

Биткоинот ќе ги замени кредитните картички и кешот


Многу поддржувачи на утописките биткоини предвидуваат дека биткоинот ќе ги преземе другите шеми за исплата.

Но биткоинот сè уште нема неколку клучни својства потребни за универзален механизам за плаќање. Прво, дизајнот во моментов го ограничува системот да ракува само со неколку трансакции во секунда, што не е ни близу до она со кое мрежите на кредитни картички можат да се справат.

Второ, биткоин-трансакциите, откако ќе подлегнат на данок, овој данок е во просек 20 долари и достигнува 400 долари врз основа на побарувачката. Програмерите работат на подобрување на капацитетот, но засега трендот оди во погрешна насока.

За крај, биткоин-трансакциите не стапуваат во сила веднаш поради ограничување на блокчејнот. Новите трансакции се додаваат на секои 10 минути во просек, и кога корисниците сакаат дополнителна безбедност, тоа може да потрае повеќе од еден час. Дури и со планирани подобрувања не е јасно дали технологијата некогаш може да стане универзален систем за плаќање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија