X
 21.12.2017 Технологија

Стара функција во ново руво: „Фејсбук“ ќе ве известува кога некој ќе објави ваша фотографија

fb
Фото: Profimedia

Оваа функција на најголемата социјална мрежа во светот автоматски ќе ве известува и кога некој ќе постира фотографија од лице кое наликува на вас, дури и ако не сте тагирани.

Од „Фејсбук“ порачуваат дека известувањето ќе ви пристигне само кога нивната технологија за препознавање лица ќе заклучи дека вие сте на фотографијата, но  и ако сте дел од целната публика за таа објава.

Не се работи за целосно нова фунција туку за нова примена на постоечката, која „Фејсбук“ ја користи за да ви сугерира кого да тагнете на одредена фотографија.

Оваа опција  ќе ви помогне не само да не пропуштите фотографија која би сакале да ја видете и задржите, туку и при спречувањето на објавување непожелни фотографии. Воедно, оваа функција би требало да го олесни користењето на слабовидните лица, затоа што овозможува и опис на лицата кои се на фотографијата и без тагирање.

Доколку не сакате да ја користите оваа опција, наскоро ќе можете да ја исклучите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија