X
 23.12.2017 Наука

Неверојатни научни откритија од изминатава година што докажуваат дека живееме во иднината

nasa

Во 2017 година, истражувачите ја претворија научната фантастика во научен афкт - од развивање на технологија за уредување на гените, до подобрувања на вештачката интелигенција и квантните компјутери - ова е година преполна со научни откритија. За таа цел, во продолжение е листа на највлијателните случувања оваа година, што ги туркаат границите кон подобра иднина.

Јагне во вреќа: Вештачка утроба што го одржува животот




Технологија што потенцијално може да спаси животи во иднина. Во април 2017 година, тим на доктори од Детската болница во Филаделфија објавиле истражување во кое детално е опишана упсешната употреба на вештачката утроба.

Уредот, специјализирана транспарентна био-торба исполнета со течност што му овозможува да ја имитира животната средина во внатрешноста на матката, бил успешен „дом“ на 23 неделно јагне. Оваа вештачка утроба може да помогне во спасувањето на животите на предвремено родените бебиња. Тимот кој работи на технологијата, наскоо очекува да започне да се користи и кај човекот.

Петте нови честички на Големиот хадронски колајдер (LHC)


Сега, кога ќе се потсетиме на некои биолошки достигнувања, да преминеме на областа на квантната физика. Науката продолжува да расте, благодарение на работата што ја извршуваат научниците со помош на Големиот хадронски колајдер. На 16 март 2017 година, колајдерот откри нов систем од пет честички, во една анализа.

Со огромно статистичко значење како поддршка, исклучителното откритие обезбедува нов прозорец во нашето разбирање на квантните теории кои ја регулираат и физиката на честички во нашиот свет и надвор од него.

Обезбедување на иднината на квантната комуникација



Зборувајќи за квантните теории, 2017 е година кога се случија некои од најголемите достигнувања во квантната технологија. Квантното пресметување забележа значителен напредок. Подеднакво важни се и откритијата во квантната комуникација, благодарение на напорите на истражувачите од Кина и други места каде биле изградени квантни мрежи.

Од демонстрации на квантна заплетканост во вселената, до успешно испраќање на пораки со помош на квантна криптографија, истражувачите покажаа дека на повидок е квантната интернет иднина.

„СпејсЕкс“ и ерата на ракети што можат повторно да се употребат




Кога станува збор за иднината на вселенските летала и истражување, „СпејсЕкс“ стана познато име во ова поле. Компанијата основана од Илон Маск во 2002 година, ги постави темелите на ракетната технологија и вселена.

Најважно од сето ова е успешното лансирање на претходно употребен ракетен засилувач, „Фалкон 9“, сигнализирајќи го крајот на ера на скапи вселенски мисии. На 30 март 2017 година, „СпејсЕкс“ покажа дека нивните ракети „Фалкон 9“ можат повторно да се употребат. А ова е само почетокот. Со планот за Марс и преработената ракета, „СпејсЕкс“, продолжува да работи на тоа секој дел од ракетите да бидат повторно употребливи.

„TRAPPIST-1“ и „Пронаоѓање на Земја 2.0“




Ова откритие може да влијае врз животот надвор од Земјата. Во февруари 2017 година, научниците од Европската јужна опсерваторија и НАСА објавија за откритието на седум егзопланети слични на Земјата кои се наоѓаат во место погодно за живот на ѕвездениот систем наречен „TRAPPIST-1“.

Системот „TRAPPIST“, што се наоѓа на околу 39.5 светлосни години од Сонцетто е домаќен на ултра-студена црвена џуџеста ѕвезда која е само малку поголема, но значително помасивна од Јупитер. Астрономите продолжуваат да дискутираат за потенцијалот на овие седум егзопланети да имаат услови за живот, но откритието на колекција можни егзопланети за живот во само еден систем е прилично ветувачко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука