X
 24.12.2017 Технологија

Едвард Сноуден ја постави својата прва апликација

Ако верувате во тоа што го прави Едвард Сноуден, тогаш веројатно ќе ја цените и неговата прва апликација, која од Андроид паметниот телефон, прави домашен сигурносен систем. Апликацијата „Хејвен“ е наменета за посебно евтините Андроид телефони, кои често се заборавени и немаат способност за започнување на вакви апликации.

фото извор: Promo/Haven

„Хејвен“ користи хардверски ресурси од телефонот – камера, сензори и микрофони, за да се врши надзор на просторијата во која се наоѓа, кога сте надвор од неа. Се разбира дека овој уред се користи како секундарен и може да се остави во домот, автомобилот, на работното место и слично. Апликацијата започнува веднаш откако ќе идентификува движење, звук или промена на местото, ќе направи фотографии, ќе сними звук и ќе го проследи до докажаната, сигурна и доверлива апликација „Телеграм“ на примарниот мобилен телефон.

Со оглед на тоа дека „Телеграм“ комуникацијата одлично е шифрирана и е докажано дека не ги компромитира податоците на сопственикот, можете да бидете спокојни дека комуникацијата помеѓу два уреди ќе ја гледате само вие.

Интересен податок е тоа што Соуден не користи мобилен телефон уште од 2013 година, но работел на зголемување на безбедноста во паметната технологија.

Апликацијата е во „БЕТА“ фаза и може веднаш да се проба. Слоганот на апликацијата е „Под надзор“, а тоа е и целта на истата – да ја чува приватноста дури и кога вие не сте тука. Ваше е само да обезбедите Интернет конекција, за да време да ве извести за сето она што е сомнително на местото на кое вие не сте.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија