X
 26.12.2017 Култура

Божиќни песни за панкери

На Божиќ обично се случува војна - нападите се немилосрдни; во секој трговски центар, аптека, семејна вечера, кафуле. Нападот обично го извршува досадната божиќна музика што апсолутно може да ви го уништи празникот.



Доколку ви е смачено од истата комерцијализирана божиќна музика, тогаш време е да ја слушнете листата со песни подолу. Како што покажува самата плеј-листа, панк-рокот отсекогаш имал посебна врска со Божиќ. Но ако размислите за тоа, ваква врска може да се најде и во многу инди и авангардни движења. Џон Вотерс верувал дека целта на животот е Божиќ. Енди Ворхол навистина го сакал Божиќ, а во 1977 година „Секс пистолс“ ја одржал својата последна свирка во Велика Британија на божиќен настан пред деца што имале 7-8 години. Џон Ротген подоцна се сеќава дека овој момент бил еден од главните моменти во неговата кариера и во кариерата на Сид.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура