X
 26.12.2017 Економија

„Форбс“ објави листа на најдобрите држави за развој на бизниси


Берза
(Фото: Pixabay)



Американското списание измерило 15 различни сегменти за развој на бизниси, вклучувајќи даноци, лична и економска слобода, бирократија, имотни права, иновации, корупција, технологија, монетарна и трговска слобода и заштита на инвеститорите, но врз основа на економски податоци од 2016 година. Прва на листата е Велика Британија.

Втора најдобра земја за бизниси е Нов Зеланд, на третото место е Холандија, на четвртото Шведска, а петта е Канада.

Нашата земја е на 63-тото место, а од другите земји во регионот Словенија е на 32. место, Хрватска на 51., Црна Гора на 68., БиХ на 97., а Албанија на 71. место.

На дното на листата се Авганистан, на 150., Хаити на 151., Гамбија на 152. и убедливо на дното е Чад..
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија