X
 26.12.2017 Технологија

Суперкомпјутерите се докторите на иднината

superkompjuter

Во 2017 година со помош на вештачката интелигенција медицината успеа да дојде до првите тестови за вакцина против рак и создавање пренослив детектор за рак на кожата. Овие приказни се само почеток во однос на возбудливиот развој на истражувањата за ракот оваа година.

Иако постојат илјадници истражувања, постојат и такви што неизбежно се пропуштаат или се сметаат за неинтересни или ирелевантни за пошироката јавност.

Сега, тим на истражувачи од Центарот за рак при Универзитетот во Северна Каролина реши да му стави крај на тоа и предлага користење когнитивни компјутери кои би можеле да го разгледаат огромното количество податоци создадено од научните студии, во обид да се идентификуваат потенцијално релевантни клинички испитувања или терапевтски опции за пациентите со рак врз основа на генетиката на нивниот тумор. Едноставно кажано, нивната цел е да се искористат напредни компјутерски техники за поефикасно идентификување на потенцијално корисните третмани на ракот.

Наодите на истражувачите велат дека овој нов метод може да им помогне на лекарите да бидат во тек со тековната и претстојната научна литература. За да се стави методот на тест, истражувачите побарале помош од „Ај-би-ем Ватсон“ за да видат дали нивниот метод ќе биде поефикасен од панелот на експерти за рак. Тимот ја споредил способноста на „Ватсон“ за избирање третмани поврзани со клинички значајни генетски мутации со наодите на панелот на експерти за рак.

Од 1.018 анализирани случаи на рак, одборот за молекуларни тумори идентификувал можни генски промени во 703 случаи. „Вотсон“ ги идентификувал истите 703 случаи, но исто така забележал потенцијални терапевтски опции кај 323 дополнителни пациенти. Од овие дополнувања, 96 претходно не биле забележани дека имаат вистинска мутација.

Лидерот на истражувањето, Вилијам Ким вели дека главната цел на истражувањето не било дизајнирано да анализира дали ова би им помогнало на пациентите. Истражувањата на тимот за когнитивни компјутери потсетува за тоа како способностите на вештачката интелигенција за учење на машини се користи за разбирање на самоубиственото однесување и за рано идентификување на рак на дојката. Иако, во рамките на процесот, истражувањето е слично како кога астрономите користат вештачка интелигенција за пронаоѓање на гравитациони леќи - и двете бараат отфрлање на огромни количини на информации што би биле премногу за човечкиот ум.

Ова не е единствениот начин на кој вештачката интелигенција се користи во областа на медицината, а нејзината употреба ќе продолжи да се шири откако ќе се развие технологија. „Мајкрософт“ веќе планира да ја искористи вештачката интелигенција за пронаоѓање на лек за ракот, а вештачката интелигенција веќе докажа дека е способна за предвидување на срцев удар попрецизно отколку докторите. Овие достигнувања укажуваат на иднина во која се гледа идна соработка помеѓу луѓето и роботите или суперкомпјутерите наместо човечките лекари.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија