X
 27.12.2017 Култура

Спектакуларен филмски крај за 2017 година. Одлични наслови во Синеплекс за последната кино недела!

Подгответе се за потполно нова игра со потполно нови правила. Оваа година ќе се игра потполно нов Џуманџи. Филмот кој на постарите генерации ќе ги потсети на најубавите спомени, а новите генерации ќе им создаде нови спомени. Време е за „Џуманџи“!



Еден од најдобрите и најпосакуваните филмови за деца (но, и возрасни) на сите времиња, се враќа на големото платно и тоа во ново руво. Филмот кој во 1995 година на светските кино благајни заработи над 260 милиони долари, оваа година ќе продолжи во истиот стил бидејќи ни носи одлично засилување, продукциско и актерско. Со посебната игра за прв пат се сретнавме во 1995 година кога неповторливиот Робин Вилијамс излезе од играта заедно со многу различни животни и „неживотни“. Свесни на тоа дека Џуманџи на многумина им го одбележа детството, екипата во продолжението сакаше да го задржи токму тој дух на надградба и во содржината, а и технички. Оваа година ситуацијата со Џуманџи е потполно променета за разлика од првото продолжение, со што овој пат играчите се тие кои влегуваат во играта во телата на своите аватари, се борат против главните негативци и се обидуваат да спасат жива глава. Но и овој пат во центарот на вниманието е играта, а тоа е најпосебната игра на светот која едвај дочека да биде повторно заиграна, фигурите овој пат се во рацете на Двејн Џонсон, Кевин Харт, Џек Блек и Карен Гилан.

Дејствието започнува кога четворицата обични средношколци (комјутерскиот geek Спенсер, спортистот Фринџ, популарната Бетани и повлечената Марта) секој со своите адолесцентски проблеми и предизвици, откако ќе ја заиграат старата видео игра која случајно ја нашле, постануваат сето она што не се. Во телата на одбраните аватари мораат да ги преживеат предизвиците кои ги носи играта или ќе останат засекогаш заробени во неа.


Овој четврток време е и спектакл. Приказната за фасцинантиниот живот на П.Т. Барнум ни пристигнува во Cineplexx! Еден од најисчекуваните филмови оваа сезона „Величествениот шоумен“ кој неодамна доби три номинации за Златен Глобус.



Режисерот Мајкл Грејси ни го носи музичкиот спектакл на големото платно, во кој главната улога ја толкува Хју Џекман. „Величествениот шоумен“ е музички спектакл со доста заразни поп нумери, гламурозни танцови точки и сцена која ја слави моќта на перформансите, љубовта и вербата во себе. Станува збор за инспиративна приказна за визионерот кој ќе се издигне од ништо за да создаде воодушевувачки спектакл кој ќе постане светска сензација – циркус.
Џекман изјавува: „П.Т. Барнум е некој кој денес би го нарекле иноватор. Тој веруваше дека животот се врти околу забавата, соништата и вредното работење. Во далечната 1850 година Америка не беше она што е денес. Луѓето ги ограничувало семејството во кое се родени како и сталежот во кој припаѓаат. Во тоа време, луѓето идеите за забава ги сметале за нешто што се граничи со зло. Меѓутоа, тоа за Барнум е само една мала трага против која се бори. Тој се одлучува да го живее својот сон. Тоа и го направил“.
На Џекман во филмот му се придружуваат Зек Ефрон во улога на Барнумовиот партнер Филип, Мишел Вилијамс како неговата жена Черити, Ребека Фергусон како шведска супер ѕвезда Џени Линд и Зендаја како играч на трапез, Ен Вилер.



КИНО ПРОГРАМА (28.12.2017-03.01.2018)

Војна на звездите: Последниот Џедај 3Д
Секој ден: 16:30, 19:45, 22:30

Војна на звездите: Последниот Џедај 2Д
Секој ден: 15:40, 18:30, 21:15

Џуманџи 3Д
Секој ден: 17:00, 19:30, 21:45
Викенд: 11:40, 14:40, 17:00, 19:30, 21:45

Џуманџи 2Д
Секој ден: 20:30, 22:45

Величествениот Шоумен 2Д
Секој ден: 16:00, 18:00, 20:00, 22:00
Викенд: 12:20, 14:20, 16:00, 18:00, 20:00, 22:00

Тато се врати 2Д
Секој ден: 17:45, 21:00, 23:00

Убиство во Ориент Експрес
Секој ден: 21:30

Исцелител 2Д
Секој ден: 20:15

Мадам Дигитал 2Д
Секој ден: 17:10, 19:00

Се бара стариот Дигитал 2Д
Секој ден: 16:40, 18:45, 20:50, 22:15

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Мечето Падингтон 2Д
Викенд: 11:10, 13:20

Коко и големата тајна 3Д
Секој ден: 15:00
Викенд: 12:40, 15:00

Коко и големата тајна 2Д
Викенд: 11:20, 13:40

Фердинанд 3Д
Секој ден: 15:20, 17:20, 19:20
Викенд: 11:00, 13:00, 15:20, 17:20, 19:20

Фердинанд 2Д
Секој ден: 16:15, 18:15
Викенд: 12:00, 14:00, 16:15, 18:15

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура