X
 29.12.2017 Живот

500-те најбогати луѓе во светот - во 2017 година заработиле 4 пати повеќе од лани

1
Фото: Profimedia

Најмоќните луѓе во светот во 2017 година станаа побогати за неверојатни билион долари, што е за четири пати поголема заработка во споредба со онаа од 2016 година.

Во 2017 година на Блумберговиот индекс на милијардери е забележан раст од 23 отсто. Вкупно 440 милијардери од целиот свет успеале да го зголемат своето богатство за вкупно 1,05 билион долари. Поради тоа, вкупното богатство скокнало од 4,4 на 5,3 билиони долари во периодот помеѓу 27 декември 2016 и 26 декември 2017.

милијардери
Фото: Bloomberg

Бил Гејтс повеќе не е најбогатиот човек во светот. На негово место сега се наоѓа Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, кој заработил 34,2 милијарди долари во текот на изминатите 365 дена. Богатството на Безос е проценето на 99,6 милијарди долари, па така го надмина Гејтс за 8,3 милијарди долари.

Технолошкиот сектор забележа највисок раст (35%) во споредба со другите индустрии. Дури 57 милијардери доаѓаат од светот на технологијата и нивното богатство се проценува на 262 милијарди долари. Закерберг е петти на оваа листа и го зголеми своето богатство за 45 отсто во 2017 година. Основачот на „Фејсбук“ сега тежи 22,6 милијарди американски долари.

Америка и понатаму е земја со најголем број милијардери, вкупно 159. Нивното заедничко богатство се проценува на 2 билиона долари. Во 2017 година тие заработиле 315 милијарди долари.

Меѓутоа, 38 кинески магнати во 2017 година заработиле најмногу (117 милијарди евра), а по нив се индиските милијардери, кои се побогати за 43 отсто.

Интересен е фактот што 27 руски богаташи успеале да направат огромна сума на пари и да се најдат на листата, и покрај санкциите на Америка и ЕУ. Тие заработиле 29 милијарди долари.

Секако, има и такви што загубиле пари, па така 50 милијардери од листата „паднале“ за 46 милијарди оваа година.

ТУКА можете да ја погледнете целосната листа на најбогатите луѓе во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот