X
 17.01.2020 Живот

Барате работа? Ова ќе биде најбараната вештина во 2020 година

Блокчејн ќе биде најбараната вештина во 2020 година, открива новото истражување на „Линкдин“.

На списокот со најбарани врвни вештини при вработување направен од „Линкдин“ блокчејн се најде на врвот за 2020 година.

Во 2019 година блокчејн ги надмина вештините - обработка во облак, аналитичко заклучување, вештачка интелигенција и дизајн на корисничко искуство и стана најбараната вештина кај глобалните работодавци за 2020 година.

Конкретно, побарувачката за вештини што ги бараат работодавците се мери со утврдување на вештините наведени на линкдин-профилите на вработените луѓе. Анализата вклучувала само градови со најмалку 100.000 активни жители на „Линкдин“.

За разлика од меките вештини, тврдите вештини вклучуваат способност на вработените да извршуваат одредена задача и специјализирано знаење и технички способности, како што се развивање софтвер, сметководство или правни професионалци. Од друга страна, меките вештини се однесуваат повеќе на тоа како се извршуваат тие задачи - како вработените се приспособуваат, како соработуваат, како решаваат проблеми и како донесуваат одлуки.

Од „Линкдин“ се убедени дека блокчејнот е светла иднина, истакнувајќи го огромниот потенцијал на технологијата во однос на давање ефикасност на трошоците и времето, безбеден и децентрализиран метод за следење трансакции од сите видови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот