X
 17.01.2020 Култура

Нова серија базирана на бестселерот на Стивен Кинг ќе ве воодушеви

Стивен Кинг уште еднаш се покажа како одлична инспирација за нова телевизиска хорор-приказна. Неговиот бестселер „Аутсајдер“ ја раскажува приказната за еден полицаец кој го истражува убиството на 11-годишно дете.

Оваа криминалистичка хорор-серија го следи полицискиот детектив Ралф Андерсен при истрагата за убиството на 11-годишното момче Френки Петерсон, чие осакатено тело било пронајдено во шумите во Џорџија. Мистериозните околности околу ова злосторство го тераат Ралф, кој сè уште ја оплакува смртта на својот син, во истрагата да ја вклучи необичната приватна детективка Холи Гибни, во надеж дека нејзините натприродни способности ќе го објаснат она што не може да се објасни.

Бен Менделсон го глуми детективот Ралф Андерсон, а Синтија Ериво е во улога на Холи Гибни. Покрај нив ќе глуми Бил Кемп како Хауи Саломон, Мер Винингем како сопругата на Ралф, Џини Андерсон и други познати имиња.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура