X
 17.01.2021 Живот

Инспиративни цитати од Елвис Присли: Не е важно колку имаш за луѓето да те почитуваат, важно е кој си

Елвис Присли е една од најголемите музички икони и остана легенда соборувајќи ги сите музички рекорди: во неговата плодна 20-годишна кариера објавил 97 плочи и снимил 33 филма. Ќе останат запаметени и неговите многубројни изјави за животот, Холивуд, музиката, иднината, танцот...

На врвот на топ-листите помина дури 996 дена, а се проценува дека продал повеќе од 500 милиони плочи. Културата и историјата се побогати токму поради неговата музика и појава.

Во август 1977 година беше пронајден мртов. Имаше 42 години. Неговата популарност, дури и 40 години по неговата смрт, го потврдува тронот на кој се искачи.

Ова се неколку цитати и мудри мисли за животните вредности, музиката, животот и љубовта.

За животните вредности

- Амбицијата е сон напојуван од моќен мотор.

- Не е важно колку имаш за луѓето да те почитуваат, важно е кој си.

- Доблестите се како отпечатоци од прсти. Ниту еден од нив не е ист, а зад себе оставаш што и да правиш.

- Вистината е како сонцето. Понекогаш се крие, но секогаш е тука.

За музичката индустрија

- Првпат кога се појавив на сцената, бев преплашен до смрт. Немав идеја зошто сите врескаа. Не размислував за тоа како се движи моето тело. Ми беше природно. Подоцна го прашав менаџерот: „Што правам, што правам?“, а одговорот беше: „Што и да правеше, врати се и повтори го“.

- Омилен дел од бизнисот ми се концертите. Возбудливо е да се доживее целата таа енергија генерирана во публиката и на сцената.

За војската

- Во војската момчињата учат како да станат мажи.

За неговите легендарни потези на танцување:

- Рокенрол-музика: ако ти се допаѓа, ја чувствуваш, те движи и тука не можеш да си помогнеш. Тоа ми се случи. Не можам да си помогнам.

- Некои луѓе тропаат со нозете, некои пукаат со прстите, некои се нишаат напред-назад. Се чини дека јас некако го правам сето тоа истовремено.

- Не се обидувам да бидам секси. Моите движења се само начинот на кој се изразувам.

1
Фото: Wikipedia

- Ритамот е нешто што или го имаш или го немаш, но ако го имаш, мораш да бидеш целосно навлезен во него.

За важноста на позитивното размислување:

- Кога работите ќе тргнат наопаку, немојте и вие да тргнете со нив.

- Да се суди човек според неговата најлоша карактеристика е еднакво како да се сфати океанот врз основа на еден бран.

- Речиси е смешно колку работите изгледаат подобро на дневна светлина.

За славата

- Ако оставите главата да ви стане преголема, ќе ви се скрши вратот.

- Немам никаква корист од телохранител, но двајца високообразовани сметководители добро би ми дошле.

- Научив колку е важно да ги забавувам луѓето и да им дадам причина поради која тие ќе сакаат да дојдат да ме гледаат.

- Славата и богатството можат да бидат многу празни.

За љубовта

- Мојата животна филозофија е едноставна: ми треба некој што ќе го сакам, нешто со кое ќе се занимавам и нешто кое со нетрпение ќе го очекувам.

- Тажното е што и понатаму можеш да сакаш некој иако знаеш дека си погрешната личност за него.

- Патот до љубовта е полн со знаци за предупредување.

- Животните не мразат, а за луѓето велат дека се поразвиени од нив.

- Не е срамота ако плачеш кога си заљубен.

За стареењето

- Која е поентата да ја доживееш 90-тата година од животот ако си ги потрошил сите 89?

За иднината

- Направите нешто што вреди да се запамети.

- Компјутерите еден ден можат да нè престигнат, но сè додека луѓето имаат чувства, ќе бидеме подобри од нив.

Извор: Mixer.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот