X
 17.01.2022 Култура

Филхармонија ја почнува годината со концертот „Галантна Индија“

Со концертот „Галантна Индија“ Македонската филхармонија в четврток, во 20 часот, ќе го почне вториот дел од концертната сезона. Концертот ќе биде под диригентската палка на маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) и Оркестарската свита од операта балет „Галантна Индија“ од Ж.Ф.Рамо.

Американската виолинистка Елишија Силверштајн на светската музичка сцена се етаблира како изведувач со невообичаено смели и проникливи изведби, а некои музички критичари ја вбројуваат меѓу најзначајните претставници на својата генерација.
Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Музичката репутација на Габриел Бебешелеа брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите.  

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура