X
 17.01.2023 Забава

Неверојатен хотел на Алпите - може да појадувате в кревет опкружени со снег

Туристите што бараат зимски одмор кој ќе се разликува од другите одмори можат да се упатат во северните краеви на Италија.

Луксузното одморалиште „Шале ал Фос“ го претвори појадокот во највозбудливиот оброк на денот благодарение на својата понуда на отворено.


Со седиште во Вермиљо, мал град во Тренто, Италија, во овој хотел ќе можете да уживате во појадокот в кревет, но надвор, во снегот.


Хотелот овозможува неверојатни и романтични опции за време на престојот. Понудите се прилично скапи, но туристите тврдат дека вредат за уникатното искуство.


Собите се модерни и имаат атрактивен декор, а надворешниот бесконечен базен е еден од врвните моменти на ова место.

Извор: Dailystar.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава