X
 17.02.2016 Култура

Најдобро чуваните тајни на Дизниленд

Доколку не верувавте во магијата на Дизни претходно, тогаш овие атракции може да ви го променат изненадувањето.

Што се` треба да знаете доколку се одлучите да го посетите Дизниленд?

1. Тајни за сите возрасти

Три Дизни „тајни“ се појавуваат во три различни групи на возрасти. Малите деца можат да го пронајдат клучот кој се наоѓа под килимчето на „Muppet*Vision 3-D.

Тинејџерите пак можат да стојат во центарот на „Temple of heaven“ и да зборуваат.

„Храмот е акустично совршен, и е навистина морничаво да се слушне сопствениот глас во позадина“, вели Сузан Венес, чијашто книга „The Hidden Magic of Disney World“ е ажурирана со најновите тајни за паркот.

Во меѓувреме, пресвртите во историјата и носталгијата се голем хит меѓу возрасните.

„Кога сфаќаат дека она што изгледа како кукаст крст во епскиот трик на Индијана Џонс е всушност балкански крст со нацистичко знаме во позадината, тие навистина ја ценат способноста да се излаже окото со нешто политички коректно“, вели таа.

2. Бел од „Beauty and the beast“ има една книжевна тајна

Доколку сакате пикантно изненадување, добро би било да влезете во селото на Бел.

„Бел остави една книга, „The Dream of a Woman“ од Реми де Гормонт на масата во колибата на Морис. Книгите на Гормонт и не се баш соодветни за сите возрасти.

Интересно е тоа што Бел ја чита книгата и во самиот цртан. Меѓутоа постои објаснување за тоа зошто книгата била ставена во самиот цртан:

„Реми де Гормонт сметал дека секој човек треба да има своја лична визија за светот. Неговото гледиште во однос на човечката среќа можеби најдобро е донесено во неговите романи. Неговата книга „The Dream of a Woman“ содржи серија на писми помеѓу различни љубовници, која има повеќе интелектуален отколку сентиментален интерес“.

3. Постојат трикови со кои заштедувате пари

Најмалку познат начин да заштедите пари во Дизниленд е преку „картички“ - годишните влезници и други членства не толку познати за јавноста.

За да ги искористите придобивките од годишната влезница (951 долар) само една личност од вашето семејство треба да ја има. Тоа е одлично за една година неограничен пристап до четири Дизниленд паркови и бесплатен паркинг, а за возврат се отклучуваат попусти за шопинг и јадење.

Картичката „Landry's select“ е одлична за сите гости кои ќе јадат во рестораните на „Landry's“ вклучувајќи ги и „Yak & Yeti“, „Rainforest Cafe“, „T-Rex Cafe“ и уште неколку локации.

4. Бесплатни работи

Доколку сакате огромен ручек плус бесплатен десерт тогаш упатете се до центарот на Дизни.

„Гостите можат да јадат различни големини на порции. Понекогаш големите порции се доволни за двајца возрасни. Рестораните нема да ви наплатат ако порачате детски оброк“, вели таа.

Имате можност и да порачате сендвич за само 8 долари во „Earl of Sandwich“ и секако да одите во „Ghirardelli Ice Cream & Chocolate Shop“ за бесплатен примерок на чоколадо за десерт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура