X
 17.02.2017 Образование

Кои карактеристики на наставниците влијаат врз успехот на учениците?

Истражувачите на педагошката пракса одамна се интересираат за карактеристиките на личноста на наставниците кои имаат влијание врз мотивацијата и успехот кај учениците. Тоа од друга страна значи дека проценката на карактеристиките на наставникот од страна на учениците, меѓу другото, е важен фактор за успехот на учениците во образовниот процес.

За какви карактеристики станува збор, и како на нив гледаат учениците и наставниците?


Фото: Pixabay

Што велат учениците...

Учениците како посакувани особини на личност кај своите наставници, најчесто ги наведуваат следните:

- топлина, љубезност, пријателски однос;
- правичност (еднакво се однесува кон сите ученици, ги почитува и објективно ги оценува);
- има доверба во учениците;
- доследност во однесувањето;
- соработка и трпеливост;
- отвореност во мислењето и различни интереси;
- смисла за хумор;
- разбирање за проблемите на учениците и подготвеност да помогнат;
- дозволување на поголем активитет на учениците со одржување на ред;
- добри да го познаваат сопствениот предмет и да умеат да го предаваат на јасен и интересен начин;
- да умеат да ги мотивираат учениците за работа.

Што велат наставниците...

Наставниците во основните училишта ги наведуваат како неопходни за успех, следните особини:
- да бидат мотивирани, заинтересирани, да ја сакаат својата работа и да имаат одговоен пристап;
- објективно, реално и континуирано да вршат оценување;
- добро да предаваат - да користат различни методи и да ги активираат учениците;
- постојано стручно да се усовршуваат;
- да имаат адекватен однос кон учениците - да ги уважуваат разликите помеѓу нив и да го сакаат секој ученик;
- да имаат адекватна комуникација со нив;
- да имаат пријатен надворешен изглед и да се соодветно облечени;
- да соработуваат со колегите, со стручните соработници и со родителите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование