X
 17.02.2022 Забава

Работа од соништата - се бара фотограф-аматер кој ќе ја слика поларната светлина

Компанија за изнајмување автомобили нуди можност една недела да ја истражите Земјата на огнот и мразот и да го доживеете феноменот на поларната светлина што го одзема здивот.

Компанијата „Фара кар рентал“ бара фотограф-аматер кој ќе го обиколи Исланд и ќе направи фотографии и видеа што ќе бидат споделени на нејзината веб-страница и социјални мрежи за да ѝ помогнат да ги прикаже уникатните искуства што земјата им ги нуди на патниците.

Во текот на неделата фотографот ќе може слободно да го истражува Исланд со неговите природни феномени, гејзери, топли извори, вулкани и глечери кои создаваат пејзаж кој не е како никаде на друго место на Земјата. Плус, на успешниот кандидат ќе му бидат исплатени околу 200 фунти (240 евра).

поларна светлина
Фото: Freepik

Но, главниот фокус на патувањето е поларната светлина, односно аурора бореалис. Патувањето ќе биде на почетокот од април 2022 година, кога ноќното небо ќе биде доволно темно за да се види феноменот и да се фати на фотографија.

Пакетот вклучува:

- Бесплатно изнајмување автомобил во времетраење од една недела;
- 240 евра;
- Шанса да ги усовршите вашите вештини за фотографирање и да ги додадете во вашето резиме;
- Можност да се истражува една од најразновидните земји во светот.

Избраниот кандидат може да патува сам или да земе партнер.

Сите што сакаат да аплицираат, можат да го направат тоа на веб-страницата на „Фара кар рентал“ и да го пополнат формуларот, во кој ќе објаснат зошто баш тие се најдобриот избор за оваа работа.

Аплицирањето завршува на 28 февруари, во 23:59 часот. Аплицирањето можете да го извршите ТУКА.

Извор: Walesonline.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава