X
 17.03.2017 Култура

Ракијата - божествениот пијалак од Балканот

Ако патувате на Балканот, избегнувањето ракија би било доста тешко. Ракијата е всушност универзален термин за бренди од овошје. Во Хрватска и Црна Гора, каде грозјето расте послободно, се прави лоза - ракија чија основа е грозјето - вака започнува кратката приказна на новинарот од Би-би-си за боженствениот пијалок од Балканот. „Ракијата е божествен пијалак“, вели Милош Шкориќ. Тој е директор на продажба и маркетинг на „Gorda“, производител на ракија која со векови е присутна во неговото семејство, во селото Велереч во централна Србија.

Пијалакот, најчесто базиран на овошје може да се направи од било што, започнувајќи од сливи, грозје па сè до круши.

„Ракијата долго време беше нешто што го пиеја само старите луѓе во селата. Младите отсекогаш повеќе сакале скоч, вино или пиво. Но, во последните неколку години, младите веќе започнаа да ја пијат. Баровите се полнат со ракија од висок квалитет. А некои дури и прават коктели со неа“, вели тој.

Ако патувате на Балканот, избегнувањето ракија би било доста тешко. Ракијата е всушност универзален термин за бренди од овошје. Во Хрватска и Црна Гора, каде грозјето расте послободно, се прави лоза - ракија чија основа е грозјето. Во Србија пак, каде што сливата е национално овошје, најчесто се пие шљива, или бренди чија основа е сливата. Исто така, може да се најде ракија од дуња, кајсии, јаболка, па дури и банани.

Секако, ракијата може да се најде во целиот регион, но најмногу е поврзана со Србија, земјата со највисока стапка по глава на жител кога станува збор за потрошувачката на ракија.

Во Србија секој има татко или дедо кој прави ракија. И нормално, секогаш таа е „најдобрата“. Всушност, културата на ракија одамна е најголемиот личен потфат, кој Србите го пијат и го прават дома. Постојат повеќе од 10.000 луѓе кои приватно прават ракија во Србија, а српската влада им овозможува на граѓаните да дестилираат до 200 литри годишно.

Културата на ракијата се поврзува со вековната окупација од страна на Османлиите. Турците наплаќале данок од 12 акчи на ракија, кои го одржувале производството. Меѓутоа сè се променило за време на балканските војни во текот на 90-те. Голем дел од фабриките во Србија биле кренати во воздух од силите на НАТО, вклучувајќи и многу кои произведувале ракија.

„После војната, ни беше срам да погледнеме надвор од нашите граници за инспирација. Нашите традиции станаа изместени“, вели Шкориќ.

Но со новата генерација кои не се толку поврзани со војната во 90-те, оваа традиција доживува враќање. А дел од ова враќање вклучува исклучително висок квалитет на ракија. „Gorda“ не е единствениот производител на ракија во земјава. Тука се и „Zarić“, „Zlatni Tok“, „Jelički Dukat“ и „Stara Sokolova“, помеѓу другите. Она што ги издвојува од ракијата правена во дворовите не е само квалитетот на плодот.

„Во домашно дестилираната ракија, се ставаат и гранки од сливата. Ние го издвојуваме сето тоа, и додаваме само овошје. А потоа пијалакот старее во дабови буриња околу 7 години“, додава Шкориќ.


Фото извор: David Farley

Наташа Говедарица, која има одлична збирка на ретки и квалитетни шишиња ракија, е воодушевена со револуцијата на ракијата. „Во минатото, ако испиевте премногу ракија со низок квалитет, тогаш ќе имавте сериозни последици наутро“, вели таа.

Меѓутоа не секоја домашна ракија е лоша. Постојат некои домашни произведувачи кои можат да бидат и тоа како горди на нивната работа.

Димитрије Стевановиќ, сопственик на „Rakia Bar“ кој ги почитува руралните традиции на културата на ракија, вели дека ракијата треба да има одредена мазност во себе.

„Старите луѓе кои пиеле ракија уште ја сакаат таа груба текстура која малку го гори грлото. Тоа е мачо. Но, за новите генерации, ракијата не само што треба да биде мазна, туку и треба да има добар баланс на вкусови“, вели тој.

„Ако ракијата ја замислите како 10 катна зграда, тогаш ние сме на вториот кат во однос на развојот и еволуцијата на ракијата. Сè уште имаме долг пат пред нас. Но барем не сме веќе во подрумот“, вели Шкориќ.

Ракијата се движи нагоре кон небото. Навистина божествен пијалак.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура