X
 17.03.2020 Наука

Експериментот во кој две години луѓето живееле во целосна изолација

Писателите на научна фантастика често пишуваат приказни за луѓе што живеат во изолација и сами го произведуваат сето она што им е потребно за живот. Овој експеримент всушност бил спроведен во реалниот живот. Целта била да се открие дали луѓето можат да создадат биосфера на другите планети и да живеат таму.

Во 1991 година група луѓе биле ставени да живеат под изолирана купола. Но, реалноста се покажала многу понепредвидлива отколку фантазијата.

Во 1987 година среде пустината Сонора, во државата Аризона, почнал огромен процес на градење. Четири години подоцна, кога завршила изградбата, изникнале огромни футуристички згради, изработени од стакло и метал. Тие биле изградени така што не можел да влезе или излезе воздух од нив. Ова им овозможило на луѓето да живеат во услови слични на другите планети, каде што не би можеле да живеат надвор.

Двете од зградите во проектот биле именувани „Биосфера 2“. Овие футуристички згради требало да бидат вториот саморегулирачки систем по Земјата (самата планета е „Биосфера 1“). Самиот систем бил толку добро конструиран, што шевовите испуштале помалку воздух отколку шевовите на Меѓународната вселенска станица.

Основните системи биле под земја. Имало цевки со циркулирачка вода за греење и пиење и имало огромни „бели дробови“ кои требало да компензираат за компресијата и продолжувањето на воздухот кога загрева во текот на денот и се лади во текот на ноќта. Покрај тоа, за да се спречи какво било навлегување однадвор (освен сончевата светлина), зградите биле изолирани со специјално изработени чаршафи од дебел метал чија тежина била околу 50 тони.

1

Во внатрешноста зградата била поделена на 7 области наречени биоми. Секоја од нив имала различни услови присутни на Земјата: дождовна шума, маглива пустина, мочуришта, океан со корален гребен и савана. Имало 2 антропогени биоми од кои едниот вклучувал човечко живеалиште, а второто земјоделски систем за одгледување храна.

На 26.9.1991 година 4 мажи и 4 жени влегле да живеат во „Биосфера 2“. Заедно со нив,имало околу 3.000 вида животни и растенија, вклучувајќи дрвја и инсекти. Биосферците (името на учесниците) морале да обезбедат храна за себе, па затоа тие засадиле ориз, компир, цвекло, банани и папаја. Не биле користени хемиски ѓубрива бидејќи можеле да имаат негативно влијание врз здравјето на изолираните луѓе.

Д-р Рој Валфорд, кој бил еден од учесниците во мисијата, создал исхрана 83 отсто базирана на растенија. Во тоа време тој работел на обидот да го продолжи животниот век на кандидатите. Интересно, исхраната се состоела главно од слатки компири и таа имала интересен ефект врз учесниците: на Џејн Појнтер ѝ се појавила портокалова кожа.

2

Ретко, можеби еднаш неделно, тимот јадел пилешко, месо или риба. Пилешкото месо се одгледувало во земјоделскиот биом, а рибите во океанскиот биом. Џејн Појнтер се сеќава дека сите членови на мисијата буквално ги лижеле чиниите за да не изгубат никакви хранливи вредности од храната.

И покрај тоа што во текот на првата година од мисијата сите учесници се пожалиле дека се гладни и изгубиле 1/6 од нивната телесна тежина, по завршувањето на експериментот било откриено дека здравствените показатели на сите учесници се подобриле. По втората година живеење во изолација нивната тежина се стабилизирала иако тие и понатаму биле прилично гладни поголемиот дел од времето. Речиси 2 години вегетаријанска исхрана ја променило дигестијата на членовите. Бидејќи немале многу месо во нивната исхрана, тие ги изгубиле ферментите што вареле месо.

4

Но, изолацијата не била здрава за животните и растенијата. Повеќето 'рбетници во куполата починале до крајот на првата година од експериментот. Но, некои видови имале одлични резултати: на пример, лебарките се репродуцирале многу брзо и играле улога на инсекти кои требало да ги оплодат растенијата (бидејќи инсектите што порано ја играле таа улога умреле). Ова не се случува во природата. Покрај тоа, паразитите што биле постојана закана за земјоделските култури, исто така, брзо се репродуцирале.

Климата на пустинскиот биом повеќе личела на савана затоа што водата што испарила кондензирала на стаклената купола и се враќала како дожд.

Најсилните растенија имале одлични резултати во изолираниот простор. Но, дрвјата во дождовната шума и во саваната не поминале добро. Во природата, благодарение на ветровите, дрвјата стануваат посилни, а кога нема ветер, тие стануваат тенки и стеблата се распаѓаат поради сопствената тежина. Покрај тоа, на дрвјата им недостигала сончева светлина, а нивните лисја станале жолти.

Најголемиот проблем за учесниците бил недостигот на кислород - имало кислород во количина приближно како на 13.000 метри надморска височина. Ова имало негативно влијание врз здравјето на учесниците: тие се заморувале побрзо и имале апнеја. Д-р Рој Валфорд, кој веќе имал 70 години, доживеал пад на неговата ментална острина. Затоа лидерите на проектот одлучиле тајно да додадат повеќе кислород во куполата. Кандидатите се сеќаваат дека во 1992 година, за време на целосното затемнување кое траело 30 минути, тие почуствувале колку било ниско нивото на кислород.

5

Овој природен феномен немал никакво влијание врз другите луѓе надвор од куполата, но членовите на мисијата го почувствувале затоа што атмосферата под куполата била 19 милијарди пати помала од онаа на Земјата и растенијата престанале да произведуваат кислород, така што се зголемило нивото на СО2.

Ни односот меѓу учесниците не бил добар. Сепак, сите се согласиле дека штетата направена на „Биосфера 2“ може да има негативно влијание не само врз самата мисија, туку и врз секоја личност. Токму затоа, и покрај сите конфликти и несогласувања, се обидувале да работат ефикасно заедно за да го зачуваат здравјето и околината што била нивни дом веќе 2 години.

Д-р Валфорд подоцна признал дека не му се допаѓале некои од членовите, но тој и неговите колеги ги надминале нивните негативни чувства и ги извршувале задачите што требало да ги извршат.

На 26 септември 1993 година вратата на куполата се отворила и биосферците ја напуштиле изолацијата. Општеството веќе имало негативно мислење за сето она што се случувало под куполата - луѓето сметале дека експериментот нема никаква врска со науката и фактот дека е додаден малку воздух не ги подобрил работите. Мисијата се сметала за неуспех поради проблемите со кислород, паразитите и тешките ситуации меѓу луѓето.

6

Денес зградите му припаѓаат на Универзитетот во Аризона, кој ги користи за спроведување различни експерименти поврзани со биологијата и екологијата. Покрај тоа, зградите ги посетуваат многу туристи.

- Само тука сфативме колку сме зависни од животната средина. Ако нема дрвја, нема да можеме да дишеме и ако водата е загадена, нема да можеме да ја пиеме - напиша еден од членовите на мисијата.

Извор: Bright Side
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука