X
 17.03.2023 Технологија

Специјална облека со која ќе го избегнете софтверот за препознавање лица

Живееме во време кога сè и секој може да нè препознае, дури и компјутерите. Се сеќавате на оние моменти кога „Фејсбук“ ве потсетуваше да се означите на фотографиите на вашите пријатели затоа што ве препознал таму?

Ако ова беше можно пред повеќе од една деценија, замислете го напредокот на ваквиот софтвер денес. Како да го заобиколите овој проблем ако не сакате некој (или ништо) да ве препознае или следи? Многу едноставно! Со облека, по можност плетена!

Постојат џемпери, но и маици, панталони, фустани и кошули кои ќе ве заштитат од несакана шпионажа и препознавање. Моделите се развиени со помош на алгоритми за вештачка интелигенција, а се составени од форми инспирирани од животните.

Италијанскиот стартап „Кејпабл“ стои зад овој проект, а целта е да го измами софтверот да ве препознае како животно наместо како личност. Оваа облека не е евтина, но веруваме дека вреди ако се грижите за приватноста.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Cap_able
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија