X
 17.04.2019 Економија

Германците се сѐ побогати, но нерамномерно

Жителите на Германија во последните години стануваат сè побогати, но богатството и понатаму е нерамномерно распоредено, покажува најнова студија.

Најбогатите 10 отсто од германските домаќинства поседуваат 55 отсто од имотот, се заклучува од студијата „Приватните домаќинства и нивните финансии“, кој го претстави Германската сојузна банка (Бундесбанк).

- Зголемувањето на богатството особено се однесува на сопствениците на недвижности, кои во текот на последните години профитирале од силниот раст на цените во овој сектор - се наведува во извештајот на Бундесбанк.

Меѓутоа, во Германија 44 отсто од домаќинствата поседуваат своја недвижност, така што од овој раст профитирале помал број граѓани.

Во Италија или во Шпанија уделот на граѓаните што живеат во свој дом е речиси двојно поголем.

Богатството на Германците се зголемило и поради растот на платите и падот на бројот на невработени, па луѓето сега се во можност повеќе пари да остават настрана.

Во просек, секое домаќинство во Германија во 2017 година поседувало 232.800 евра, што е за 18.300 повеќе отколку во 2014 година, кога е спроведена последната студија од овој вид.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија