X
 17.04.2019 Технологија

Русија им даде рок на „Твитер“ и на „Фејсбук“

Социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ имаат рок од девет месеци да се усогласат со рускиот закон за податоци и податоците за корисниците да ги префрлат на сервери во Русија, пренесуваат тамошните медиуми.

Тие се повикуваат на изјава на шефот на руската Федерална агенција за комуникација, Александар Жаров.

Тој изразил очекување дека Русија на крај нема да ги блокира двете социјални мрежи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија