X
 17.05.2017 Здравје

Дали треба да се јаде пред вежбање?

Како што расте бројот на информации за фитнес кои доаѓаат до Вас, можноста дека сте изложени на лош совет исто така се зголемува креирајќи повеќе фитнесмитови од кога било. Сепак, еден од митовите за кој најмногу се дебатира и митот за вежбање на празен стомак.

Општото верување за ефективноста на тренингот ако сте гладни не е непоткрепена. Повеќе студии докажале дека повеќе се губи маснотии кога вежбате гладни. Друга студија пак докажува дека со овој вид на тренинг се обезбедува подобра средина за изградба на чиста мускулна маса.

Овие тренинзи исто така се од корист на издржливоста.

Од друга страна има друга страна на приказната. Додека одговорот на телото во тренинзите на празен стомак треба да биде согорување на гликогенот, сочуваните јаглени хидрати, телото започнува да се прилагодува на нов систем и започнува да складира масти од следниот оброк и да троши помалку калории за да компензира.

Ако тренирате најадени, ќе Ви се намали апетитот подоцна во денот. Една студија пак, покажала дека при напорни тренинзи на празен стомак телото се потпира на трошење на мускулните протеини за енергија, што е секако несакано сценарио и за професионалците и за оние кои сакаат да изгубат тежина.

Кога станува збор за согорување на масти една студија покажала дека физичката активност по мал оброк е многу поефективна за губење на тежина.

Од ова може да се заклучи дека подобро е да јадете пред Вашиот тренинг и иако Ви се чини дека не губите килограми, на долгорочен план тоа Ви оди во прилог.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје