X
 17.05.2020 Живот

Финска почна со виртуелната кампања „Изнајми Финец“

Одборот за туризам во Финска сака светот да биде исто така задоволен како што се луѓето во оваа земја. Новата виртуелна кампања е начин другите луѓе да дознаат како и зошто Финците се чувствуваат така.

Затоа од „Посетете ја Финска“ претходно, ја создадоа кампањата „Изнајми Финец“, чија цел беше туристите да го откријат и прифатат финскиот начин на живеење. Кампањата беше создадена во 2019 година, а вклучуваше 10 фински амбасадори што им се доделуваа на патници избрани преку процес на аплицирање во април истата година. Но, поради Ковид-19, учесниците ќе можат да го направат тоа виртуелно, од удобноста на нивните домови.


- Во овие неизвесни времиња сакаме да им дадеме на луѓето можност да научат за тајните на финската среќа без оглед на местото и времето - вели Паво Виркунен, извршен директор на „Посетeте ја Финска“.

- Оваа иницијатива нуди можност да се поврзете со Финец од удобноста на вашиот кауч - додава тој.

изнајми финец
Фото: Screenshot

Како иницијатива за социјалните медиуми, кампањата за 2020 година ќе се состои од две теми.

Прво, серијал во живо преку стриминг ќе прикаже пет различни области на финскиот животен стил, со лекции „Како да“, како што се: „Јади со Финец“, „Релаксирај се со Финец“, „Биди активен со Финец“. Од 15 мај серијалот ќе може да се гледа на фејсбук-страницата на „Посетете ја Финска“ (Visit Finland).

Виртуелен водич за среќа ќе ја воведува секоја тема на која специјализирал, преку неговата секојдневна работа и живот.

Распоредот е како што следува:

15 мај: „Релаксирај се со Финец“

Виртуелен водич за среќа: Паивики Коскинен, новинар, терапевт, љубител на сауна и пливање во мраз.

Вештини за среќа
: Сауна и пливање и подготовки пред сауна во природа.

Како да се подготвите:
Земете ладно освежување и голема кофа полна со студена вода.

22 мај: „Поминете време со Финец“

Виртуелен водич за среќа: Мирја Приха, наставник за ученици со посебни потреби и сопственик на кафуле, и Мола Милис, дизајнер и наставник по занаетчиство.

Вештини за среќа
: „Направи сам“ и плетење, учење фински, присуство во природа, вежби за сетила, возење велосипед од центарот на градот во природа.

Како да се подготвите: Најдете мирен простор и размислете за прашањата што отсекогаш сте сакале да ги знаете за Финците и нивните мистериозни навики.

29 мај: „Останете активни со Финец“

Виртуелен водич за среќа: Едриличарот и ентузијаст на отворено Анти Етеламаки и претприемачот и тренер Јука Јоутсинеими.

Вештини за среќа: Пловење и вежби во природа.

Како да се подготвите: Подгответе се за оваа сесија облекувајќи удобна облека со големо шише вода пред вас.

1 јуни: „Јадете со Финец“

Виртуелен водич за среќа: Готвач Сасу Лауконен, добитник на ѕвездата „Мишелин“.

Вештини за среќа: Собирање диви растенија во урбани средини и готвење со нив.

Како да се подготвите: Земете си пар гумени чизми и некои додатоци за во кујна.

12 јуни: „Бидете среќни со Финец“

Виртуелен водич за среќа: Селото Матилдедал.

Вештини за среќа:
Селска тура за да го најдете клучот за среќа од различни извори.

Како да се подготвите: Удобно сместете се на фотелјата со неколку прашања за тајната на финската среќа. Најдете ги одговорите за време на патувањето во живо.

Секој може да се пријави за сесијата со виртуелен водич за среќа. Избраните водичи ќе бидат достапни за индивидуални 15-минутни средби преку „Тимс“, „Хенгаутс“ и „Скајп“ во текот на 22 јуни. Можете да аплицирате ТУКА. Апликациите ќе бидат отворени до 7 јуни.

Извор: Forbes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот