X
 17.05.2020 Живот

Како во Германија се третираат најтешко болните од Ковид-19, матурантите ќе можат да се запишат и во странство без проблем...

Како во Германија се третираат најтешките случаи со коронавирусот низ искуството на д-р Иво Кирковски, ќе имаат ли проблем матурантите да се запишат во странство, со оглед на тоа дека не полагаат државна матура годинава? Кои биле првите дипломирани лекари на Медицинскиот факултет во Скопје? Каква е македонската економија низ кризите од осамостојувањето до Ковид-19? Како маестро Симон Трпчески го поминува периодов на социјална дистанца? Ова се дел од темите со кои се занимававме изминатава недела.



Првите дипломирани студенти на Медицина во Скопје


Македонија ги добила првите дипломирани лекари што се образовале во Скопје на 30 декември 1953 година. Со свеченост што се одржала во Македонскиот народен театар, деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Зденко Крижан, ги промовирал првите шест дипломирани студенти на овој факултет. Тоа биле: д-р Цветко Арсов, д-р Сунчица Апостолова, д-р Димитар Ивановски, д-р Никола Поп Стефанов, д-р Тодор Стојчевски и д-р Теке Сулејмани.





Состојбата со коронавирусот не е специфична само за нашата држава, туку е актуелна глобално. Различни држави се одлучија за различни начини на регулирање на прашањето за полагање на матурата во услови на епидемијата, објаснува Александар Колекески, аналитичар на образовни политики
Укинувањето на полагањето на државнaта матура ги загрижи родителите на матурантите што сакаат да се запишат во странство. Дали нивните деца ќе имаат проблеми при уписите на странски универзитети? Ова е едно од прашањата што се отворија во изминатиот период.





Иако матурантите оваа година нема да полагаат државна матура бидејќи надлежните проценија дека учат во поинакви услови и е комплицирано и небезбедно да се организира тестирањето, сепак, 1.400 ученици што во минатите години не положиле матура, а се пријавиле, ќе го полагаат ова тестирање.

Ова е предвидено во Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Законот за средното образование. Предвидено е за учениците што во претходните учебни години положиле испити од училишна матура или завршен испит со четиригодишно траење и се пријавиле за полагање на испитите за државна матура во учебната 2019/2020 година, да се организира полагање на испитите за државна матура.



Иво Кирковски


Со повеќе од 170 илјади заразени, а со околу 7.500 смртни случаи, Германија покажува најдобри резултати во третманот на заболените од Ковид-19. Како оваа земја дојде до ниска стапка на смртност, како се лекуваат заболените, критичните случаи? Ова се само дел од прашањата на кои ни одговори битолчанецот Иво Кирковски, специјализант по анестезија и интензивна медицина во клиника во германскиот град Вердау. Тој веќе неколку години работи во оваа клиника, односно специјализира на одделот за анестезија и интензивно лекување.

Проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет

Квалификациони испити на факултетите најверојатно ќе има само на оние факултети на кои имало и во претходните години, како Архитектонски и уметничките. Со оглед на тоа што секоја година квотите за уписи не се пополнуваат, а годинава има и помал број матуранти, деканите не очекуваат да има потреба од приемен испит. Единствено ќе треба да се решава прашањето кој ќе биде примен ако се јави поголем интерес само за одредени популарни насоки.

Без поголеми пречки би се одвивале квалификационите испити на уметничките факултети и на Архитектонскиот во август, споделуваат од државните универзитети. Неполагањето на државната матура го отвори прашањето за изборот на студентите за следната учебна година, особено на уметничките факултети, како и на оние каде што конкуренцијата е поголема. Засега раководствата на факултетите не сметаат дека треба да се воведе приемен испит за избор на студенти, особено што годинава бројот на матуранти е многу помал во споредба со претходните години. Годинава има околу 13.200 матуранти, додека лани државна матура полагаа 15.553 ученици.





Гимназија „Орце Николов“ - Скопје


Сите имаат просек 5,00, но училиштето не прима толку ученици во прва година. Стресови со денови, „дали ќе ме примат?“ Родителите кампуваат во дворот на училиштето, телефоните се прегреани. Училиштето донесува одлука според пропозициите во конкурсот - ќе се полагаат квалификациони испити. Револт, бунт. „Зошто само нашите деца да полагаат, не беа спремни за ова!“ Едни се откажуваат, други вршат притисок. Стигнуваат до министерот за образование и наука. Проблемот е решен - сите ученици се примени. Револт кај наставниците - дали знаете што значи училница со 40 средношколци?

Сите имаат просек 5,00, но училиштето не прима толку ученици во прва година. Стресови со денови, „дали ќе ме примат?“ Родителите кампуваат во дворот на училиштето, телефоните се прегреани. Училиштето донесува одлука според пропозициите во конкурсот - ќе се полагаат квалификациони испити. Револт, бунт. „Зошто само нашите деца да полагаат, не беа спремни за ова!“ Едни се откажуваат, други вршат притисок. Стигнуваат до министерот за образование и наука. Проблемот е решен - сите ученици се примени. Револт кај наставниците - дали знаете што значи училница со 40 средношколци?
Ова накусо се случуваше лани во скопската гимназија „Орце Николов“. Напливот на скроз одлични ученици се повторува веќе неколку години. Директорот на училиштето, Митко Димовски, и лани апелираше институциите да најдат трајно решение за овој проблем. Планирал активна медиумска кампања за да се сврти вниманието кон оваа појава, но се случи пандемијата, вонредната ситуација и префрлањето на образовниот процес од училиштата во домовите.



проф.д-р Марјан Марковиќ


Човековата потреба да го опише, објасни и артикулира светот што го опкружува најверно се реализира преку јазикот, пишува академик Марјан Марковиќ во својата колумна. Јазикот го претставува најсовршеното средство за артикулација на човековата концептуализација на светот, како материјалниот така и менталниот. Таа коцептуализација преку јазикот се реализира така што од значенската структура на јазикот (семантички континуум) се пренесуваат информации кои се кодираат во јазичниот систем (граматика и лексикон). Во граматичкиот систем тие информации се граматикализираат и стануваат показатели на одредени „граматички“ категории, додека пак во лексиконот (зборовниот состав) тие информации се лексикализираат и се вклопуваат во деривациските зборовни јадра на соодветниот јазик.




Маестро Симон Трпчески 


Триесетина концерти му се откажани до крајот на летово на меастро Симон Трпчески. Меѓу нив е турнеја низ Австралија, Сингапур, концерт посветен на Бетовен во Штутгарт во годината кога го слави цел свет, како и северноамериканската премиера на „Македонисимо“ во Отава, Канада. Но, ќе помине и ова чудо, вели нашиот пијанист со светски глас.

Како му е на големиот уметник чиј животен стил налага во последните десетина години многу патувања, настапи, отсуство од Македонија и од семејството. Периодов на изолација, заедно со својата сопруга и трите деца го поминува во нивниот дом во Ново Лисиче. Неговиот последен концерт во странство беше на 7 март.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот