X
 17.05.2021 Образование

Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ: По кои критериуми се вакцинира во високото образование, зошто се дискриминира?

Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник, сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените поради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто, реагира проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ .

- Имено, пред извесно време УКИМ се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. Досега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ја поздравувам имунизацијата на УГД, но истовремено тоа го сфаќам како дискриминација, бидејќи не добивме никаков распоред за имунизација на универзитетите, што укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети. Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, надлежните да имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои. Истовремено ги прашувам надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование? – реагира ректорот Јанкуловски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование