X
 17.05.2021 Образование

Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ бараат референдум и средба со премиерот

Родителите што се против воведувањето дигитални учебници во образованието доставија предлог за покренување граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво до Собранието. Здружени во иницијативата „Учебници и настава мора да има“, велат дека успеале да соберат 600 потписи на протестите што ги одржаа во текот на викендот.

- Доколку во рок од три дена не добиеме одговори, ние ќе сметаме дека тоа е прифатено и ќе продолжиме со собирање потписи. Потребни ни се 10.000 потписи за законски да можеме да организираме референдум. Доколку не бидеме прифатени од претседателот на Собранието, ќе се обратиме до Владата и ќе продолжиме со протестот - изјави Драгана Спасевска.

Од иницијативата бараат средба и со премиерот Зоран Заев. Тие не успеаја да ја убедат министерката за образование Мила Царовска да го повлече законот за учебници.

Покрај стопирање на дигитализацијата во образованието, родителите на протестот бараа да се стопираат и реформите за воведување сеопфатно сексуално образование, а носеа и транспаренти во кои бараа да не се укинува историјата како посебен предмет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование