X
 17.05.2022 Култура

Преданија од цела Македонија собрани во „Гласот на предците“

Христијан Аџиоски ја издаде својата четврта книга „Гласот на предците“ - Зборник на македонски народни преданија од цела Македонија со цел трајно зачувување на културното фолклорно наследство.

- Низ приказните во овој мал зборник ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време - вели Христијан.

Тој додава дека книгата е плод на долги, неспани и мамурни утра со таква опседнатост што јунаците од книгата почнале пред очи да му оживуваат.

- Јас не создадов ништо ново, туку она што некогаш се создало поттикнав да се спаси од исчезнување, со завет преданијата на нашите предци да не бидат проголтани од виорот на заборавот - истакнува Христијан.

Издвојуваме

Култура