X
 17.06.2020 Живот

Отсуството на луѓето доведе до бејби-бум во палестинска зоолошка

Пауни, ноеви и бабуни се приклучија во животинскиот бејби-бум во палестинска зоолошка градина додека таа беше затворена поради коронавирусот и ги немаше луѓето.


Во малата зоолошка градина Калкилја на Западниот Брег во текот на двата месеца додека била затворена за посетители се родиле 15 животни, што е трипати повеќе од вообичаено, истакнаа од зоолошката.

- Коронавирусот се прошири истовремено кога се очекуваа посети на зоолошката. Тие беа откажани, па животните почнаа да раѓаат - истакна ветеринарот Сами Кадер.


Ноевите во нормални услови ретко имале шанса добро да ги квачат снесените јајца. Но, оваа година еден ној снел 11 јајца и затоа што немало луѓе наоколу, птицата успеала да направи гнездо.

Во делот за мајмуни, кој обично го мачат спонтани абортуси, една женка бабун родила иако имала мала склоност да се грижи за малото.

- Татко ми мораше да го донесе дома. Се грижев за него и му давав млеко - вели ќерката на ветеринарот.

Зоолошката градина одново се отворила кон крајот на мај откако палестинските власти ги олабавија рестрикциите. Сега менаџерите на зоолошката се надеваат дека новородените атракции ќе бидат доволни за да донесат компензација за изгубените 200.000 посетители.

Извор: Reuters
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот