X
 17.06.2022 Забава

Редици пред банкомат во Индија кој давал петпати повисока сума од бараната

Во близина на Нагпур, во сојузната индиска држава Махарастра, луѓето брзале да извадат пари од банкомат кој по грешка давал петпати поголема сума од бараната.

Грешката првпат била откриена на 15 јуни од жител кој сакал да извади 500 индиски рупии, а добил 2.500 рупии. Тој го повторил процесот и повторно се случило истото. Банкоматот се наоѓа на околу 30 километри од градот Нагпур.

Набрзо се проширила веста за банкоматот и пред него се собрале редици луѓе кои сакале да извадат пари. Ова продолжило сè додека еден клиент на банката не ја известил полицијата, која го ставила банкоматот надвор од употреба и ја информирала банката.

Според изјави од полицијата, банкоматот вадел повеќе пари бидејќи банкнотите од 500 рупии биле погрешно чувани во делот од банкоматот во кој требало да стојат банкноти од 100 рупии.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава