X
 17.07.2019 Култура

„Игра на троновите“ доминира на овогодишните номинации за „Еми“

„Игра на троновите“ доминираше со номинации на 71. „Еми“ награди.

Драмата на Ејч-би-о доби 32 номинации, поставувајќи го рекродот за најмногу номинации што добила една серија во една година. Покрај тоа, Ејч-би-о заработи вкупно 137 номинации, победувајќи го својот рекорд за најмногу номинации за една мрежа во една година (во 2015 година имаше 126). „Нетфликс“ се најде на второто место со 117 номинации. Ен-би-си се најде на третото место со 58, а по него „Амазон“ со 48 номинации.

Покрај номинациите за најдобра серија-драма, категорија во која претходно победи четири пати, „Игра на троновите“ доби и „Еми“ номинации за Кит Харингтон, Емилија Кларк, Питер Динклаџ, Николај Костер-Валдау, Алфи Ален, Лина Хиди, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер, Гвендолин Кристи и Карис ван Хутен.

„Еми“ наградите ќе се одржат во недела на 22 септември.

награди

Ова се номинациите:

Најдобра драмска серија


„Подобро јавете му се на Сал“ (Еј-ем-си)
„Телохранител“ (Нетфликс)
„Игра на троновите“ (Ејч-би-о)
„Убивањето на Ева“ (Би-би-си Америка)
„Озарк“ (Нетфликс) „Поза“ (Еф-екс)
„Наследство“ (Ејч-би-о)
„Ова сме ние“ (Ен-би-си)

Најдобра серија-комедија


„Бери“ (Ејч-би-о)
„Флибег“ (Амазон)
„Доброто место (Ен-би-си)
„Прекрасната госпоѓа Мејзл“ (Амазон)
„Руска кукла“ (Нетфликс)
„Шитс Крик“ (Поп)
„Потпретседателка“ (Ејч-би-о)

Најдобра кратка серија


„Чернобил“ (Ејч-би-о)
„Бегство од Данемора“ (Шоутајм)
„Фоси/Вердон“ (Еф-екс)
„Остри предмети“ (Ејч-би-о)
„Кога ќе нè видат“ (Нетфликс)

Најдобар ТВ филм


„Црно огледало: Бандерснач“ (Нетфликс)
„Брегзит“ (Ејч-би-о)
„Дедвуд: Филм“ (Ејч-би-о)
„Кралот Лир“ (Амазон прајм)
„Мојата вечера со Херви“ (Ејч-би-о)

Најдобар актер во главна улога во драмска серија


Џејсон Бејтман, „Озарк“
Стерлинг К.Браун, „Ова сме ние“
Кит Харингтон, „Игра на тронови“
Боб Оденкирк, „Подобро јавете му се на Сал“
Били Портер, „Поза“
Мило Вентимиглиа, „Ова сме ние“

Најдобра актерка во главна улога во драмска серија


Емилија Кларк, „Игра на троновите“
Џоди Комер, „Убивањето на Ева“
Вајола Дејвис, „Како да се извлечеш со убиство“
Лора Линеј, „Озарк“
Менди Мур, „Ова сме ние“
Сандра Оу, „Убивањето на Ева“
Робин Рајт, „Куќа од карти“

Актер  во главна улога во комедија


Ентони Андерсон, „Црнести“
Дон Чедл, „Црн понеделник“
Тед Дансон, „Доброто место“
Мајкл Даглас, „Комински методот“
Бил Хадер, „Бери“
Јуџин Леви, „Шитс Крик“

Актерка во главна улога во комедија

Кристина Апелгејт, „Мртов за мене“
Рејчл Броснахан, „Прекрасната госпоѓа Мејзл“
Џулија Луис-Дрејфус, „Потпретседателка“ Наташа Лион, „Руска кукла“
Кетрин О'Хара, „Шитс Крик“
Фиби Валер-Бриџ, „Флибег“

Актер во главна улога во кратка серија или ТВ филм


Махершала Али, „Вистински детектив“
Бенисио Дел Торо, „Бегство од Данемора“
Хју Грант, „Баш англиски скандал“
Џаред Харис, „Чернобил“
Џарел Џером, „Кога ќе нè видат“
Сем Роквел, „Фоси/Вердон“

Актерка во главна улога во кратка серија или ТВ филм


Ејми Адамс, „Остри предмети“
Патриша Аркет, „Бегство од Данемора“
Џои Кинг, „Дејствување“
Ниси Неш, „Кога ќе нè видат“
Мишел Вилијамс, „Фоси/Вердон“
Онијони Елис, „Кога ќе нè видат“

Останатите номинации можете да ги погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура