X
 17.07.2019 Живот

Заработуваат богатство, а немаат факултет - Овие милијардери завршиле само средно образование

На листата на „Форбс“ со 400 милијардери, 64 имаат само средношколска диплома, а повеќето од нив сами го создале нивното богатство.  Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од „Харвард“, Дејвид Гефен слушал само три семестри на факултет, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс исто така се откажале од факултетската диплома.

Милијардерите што се откажале од факултет очигледно знаат што прават, а во просек имаат 9,4 милијарди долари. Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари. На листата на „Форбс“ повеќе се луѓето што се откажале од факултетот отколку луѓето со докторат - 63 наспроти 21. Во САД само 2,5 милиона луѓе имаат докторат, а 10 милиони луѓе се откажале од факултетот.

Кога ќе се проучат статистичките податоци, излегува дека докторатот ги зголемува шансите да станете милијардер. Освен тоа, повеќето луѓе што не завршиле факултет не живеат толку добро - нивната просечна плата е значително пониска отколку на луѓето што имаат факултет.

Така, тајната на успехот не е само во откажувањето од факултетот, туку кој се откажува и со какви амбиции. Луѓето што без диплома станале милијардери се посебни бидејќи имаат нешто што ги тера да бидат успешни и богати. Милијардерите без факултетски дипломи може да се поделат во две групи. Првата група се откажала од факултетот бидејќи имале специфичен производ или план за бизнис што сакале да го следат и да му се посветат, бидејќи верувале дека ќе успеат. Јасно знаеле што сакаат и не сакале да ја чекаат дипломата за тоа да го реализираат. Тоа се иновативни луѓе кои точно знаеле што ќе прават кога ќе престанат да одат на факултет - Марк Закерберг и Бил Гејтс спаѓаат во оваа категорија. Втората група не се откажала од факултет за да основа компанија и развиле производ веднаш. Нивниот пат е сличен, но сепак различен. Тие работеле на добри работни места и напредувале до врвот. По неколку години напорна работа добро процениле кога е време за ризик и основале сопствени компании. И успеале.

Луѓето од двете групи имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да прават и во која насока да се развиваат, имаат силни работни навики и вистинска желба за успех, сакаат работите да ги направат веднаш, подготвени се на ризик, иновативни се и не поднесуваат статус кво и имаат способност за донесување на добри одлуки.

Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот