X
 17.07.2021 Живот

Дубаи доби билборд во кој може да се плива

Во јуни годинава „Адидас“ ја претстави новата колекција на костими за капење за жени во Дубаи. За да ја промовира колекцијата, компанијата изгради билборд во кој може да се плива.

Проѕирниот билборд е висок 5 метри, а во него има базен длабок 3 метри. Базенот се снима со камера, а видеото од билбордот се пренесува во живот на голем екран во градот.



Целта на билбордот и новата колекција е да ги инспирира жените во Дубаи и низ светот да веруваат во себе и да уживаат во водата, изјавила Џована Алтомаре, менаџер за маркетинг во „Адидас“.

Извор: Luxury Launches
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот