X
 17.08.2018 Култура

Ова е најчистата земја на светот



Обединетите нации ја прогласија 2017 година за меѓународна година за одржлив развој на туризмот. Земјата што освои најмногу бодови во сите категории и ја понесе победничката титула е Словенија, откако било утврдено дека оваа држава исполнила 96 од вкупно 100 индикатори за одржливост. Повеќето високо рангирани земји имале околу 80 задоволени индикатори, меѓу кои спаѓаат грижа за околината и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност и многу други. Сепак, оваа вест не беше изненадување со оглед што словенечката престолнина во 2016 година ја понесе титулата најзелен град на Европа.


Пејзаж од Словенија
(Фото: Pixabay)


Оваа награда е резултат на напорната работа на владата, која воведе низа еколошки мерки и закони. Еден од нив е и законот кој предвидува обврска отпадот да се селектира на пластичен, хартиен и биоотпад уште во најраните фази. Со тоа се обезбеди барем една третина од вкупниот годишен отпад да биде рециклирана. Со воведувањето јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење автомобили во центрите на поголемите градови, Словенците успеале драстично да ја намалат емисијата на штетни гасови. Исто така, природниот гас се користи и за греење на станбените простори. Податоците покажуваат дека на секој жител на градовите во оваа земја му припаѓаат по 500 квадратни метри површина. 

Дополнителна причина поради која Словенија ја заслужи оваа титула е фактот дека 60 проценти од територијата на државата се покриени со шума. На тоа треба да се додаде и податокот дека во Словенија постојат 20.000 вида животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

„Бидете горди на својата земја и потрудете се секое место во вашата земја да биде гордо и по пет години така што ќе остане зелено, чисто и автентично за туристите“, изјави Алберт Салман на свечената церемонија на доделувањето на наградите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура