X
 17.08.2018 Живот

Запознајте го Ерик Финман - најмладиот биткоин-милионер

Средношколецот Ерик Финман го заработил првиот милион во биткоини благодарение на неговата баба, која му подарила 1.000 долари. Тој се отпишал од средно училиште за да работи за игри со криптовалути и основал сопствена онлајн-компанија за менторство, која ја продал за 300 биткоини (околу 60.000 долари во тоа време). Денес истите тие биткоини би вределе 1,8 милион долари.

Ги опишува своите родители како двајца доктори на науки кои добро заработиле, но потенцира дека не секогаш биле стабилни, и дека тој научил да оди во мотел во кој некогаш живееле како семејство.

- Не се сеќавам на тие денови, но знам дека не растев богат.

erik

Парите од неговата баба му биле дадени во периодот кога таа мислела дека ѝ се ближи крајот.

- Ни даваше пари за да ни помогне во плаќањето на нашето образование бидејќи не беше сигурна колку долго ќе биде тука за нас. Се обидовме да ѝ ги вратиме со брат ми, но не сакаше да ги земе - раскажува тој.

Најстариот брат го зел 12-годишниот Финман на политички митинг во кој се критикувале капитализмот и владината контрола на глобалните финансиски институции. Таму тие дознале за биткоинот, нова технологија што може да го сруши системот.

- Не размислувавме за него како за финансиска инвестиција, туку како начин да се бориме против луѓето - раскажува Финман.

Во 2011 година 12-годишниот Ерик Финман, кој веќе на училиште се соочувал со исмејување и малтретирање од учениците, се обложил со своите родители. Ако стане милионер пред да биде доволно стар да гласа, не мора да оди на колеџ. Тој сметал дека новооткриеното знаење за криптовалути ќе му помогне во реализирањето на облогот.

- Последниот пат кога се чувствував паметен беше во трето одделение - вели тој.

Неговата толеранција за она што тој го сметал за скршен образовен систем брзо исчезнала. Сега, неговиот глас се менува кога зборува за средно училиште. Неговиот средношколски тренер му рекол дека треба да се отпише од училиште и да оди да работи во „Мекдоналдс“.

- Имаше уште еден наставник кој го натера цел глас да ме исмејува. Таа зборуваше лоши и злобни работи за мене и потоа им рече на моите соученици да кренат рака ако имаат да кажат нешто за мене - раскажува Ерик, но не со гнев или ароганција. Се чини дека тој сè уште не разбира зошто го мразеле.

На 15-годишна возраст ги убеди своите родители да му дозволат да се отпише од средно образование. Некако се согласиле и тој се преселил во Силициумската долина за да ги брка своите милиони.

Парите што ги направил во биткоини не биле доволни за финансирање на неговиот сон. Менаџерите и извршните директори му рекле дека никогаш нема да го добие облогот со родителите. Доживеал и насилна криминална средба, така што тој вели дека на потежок начин научил дека луѓето ретко ја поддржуваат личноста што е на патот кон успехот, особено кога таа личност има нетрадиционален пристап.

Се разбира, секој што го следи биткоинот знае каква беше финансиската иднина на Финман. Неговите биткоин-компании вредеа богатство, па тој продолжи да прави паметни инвестиции.

Се чини дека постојат двајца Ерик Финман, оној на возраст од 12 години, кој не бил способен да ја разбере криптовалутата, но бил доволно зрел да го вложи секој можен денар во криптовалутите, и овој Ерик од 19 години, кој вели дека го сака своето семејство.

Но постои и оној Ерик што држи пиштол додека лежи во кревет со пари. На прашањето како се чувствува кога луѓето го споредуваат со Мартин Шкрели, што дефинитивно не е комплимент, Финман вели дека ужива да го гледаат како провокатор.

Cash so worthless compared to Bitcoin I'm sleeping on it...

A post shared by ERIK FINMAN (@erikfinman) on

- Да се биде провокатор е забавен начин да се натераат луѓето да обрнат внимание на моите идеи. Помага во привлекувањето на вниманието на реалните проекти што го менуваат светот - вели тој.

Секако, иако ги има овие фотографии, тој воопшто не е таков. Пиштолот е лажен, тој во реалноста не пуши и ниту една од овие фотографии не била постирана за да покаже дека тој живее живот на рапер од 90-тите.

- Станува збор за сатира. Сакав да создадам слики како од 90-тите и да се исмејувам на одредени идеи за парите - објаснува тој.

Неговиот следен проект вклучува отворање на училиште за луѓе кои, како него, се борат со учењето во традиционална образовна средина.

“Finman’s Office Desk”

A post shared by ERIK FINMAN (@erikfinman) on

- Наставниците ќе заработат повеќе пари во ова училиште. Знам дека звучи премногу добро за да биде вистинито - вели тој и додава дека има идеи кои ќе направат револуција во образовниот систем и ќе им даде приоритет на потребите на наставниците и на учениците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот