X
 17.08.2021 Живот

Пред и потоа: Сателитски фотографии ја покажуваат штетата од пожарите во Грција

Велат дека една фотографија вреди илјада зборови. Ова е сосема точно кога станува збор за фотографии направени со сателитот „Коперникус“ на кои јасно се гледа штетата предизвикана од пожарите во Грција.

Сателитските фотографии биле направени на 1 август и на 11 август, а на нив се гледаат површините кои беа зафатени од пожарите на грчкиот остров Евија.


Фото: Copernicus

Според податоците од сателитите, изгорела вегетација со површина од 50.910 хектари од пожарот кој започнал на 4 август. Пожарот бил делумно ставен под контрола дури по седум дена, но сè уште не е изгаснат.


Извор: Interesting Engineering 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот